На 9 мај во просториите на Base24 во Скопје ќе се одржи мултимедијален културен настан во организација на ПАГОДА, здружението кое се занимава со промоција на источноазиски култури во Македонија, што ги спојува дигиталната уметност, поезијата и јапонската естетика. На настанот ќе биде промовирана книгата „DYSTOKYO“, објавена во Токио во декември 2024 година, во која се застапени делата на македонските автори Симон Калајџиев и Зориа Петкоска Калајџиева.
Публиката ќе има можност да ги види делата кои се со тематика „Глич Уметност“ креирани од стран на Симон Калајџиев и „Сајбер Панк поезија“ напишана од на Зориа Петкоска Калајџиева. Настанот ќе започне во 20 часот, и ќе вклучи повеќеслојна програма. Покрај изложбата и промоцијата на книгата, ќе се одржи и поетско читање на пет јазици – македонски, англиски, јапонски, корејски и кинески – како и јавна дискусија на тема сајберпанк поезија и глич естетика. На панелот ќе учествуваат проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и самите автори – Петкоска Калајџиева, поет и уредник за култура, и Калајџиев, илустратор и дигитален уметник. Извор: Новинска агенција МЕТА