🎯 Целта на повикот е да се поддржат компаниите кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па се до преткомерцијална фаза.
✔️ Фондот обезбедува финансирање до:
– до 70% од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2 милиони евра;
– до 60% од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2 милиони евра, а помал од 10 милиони евра.
📅 Рокот за аплицирање е до 17 Ноември 2022 година, до 14:00 часот.
🔗 Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк: https://fitr.mk/komercijalizacija2022