Премиерот имаше одлична посета на Њујорк каде се обрати повеќе пати во ООН но имаше и многу добро излагање во светскиот елитен универзитет Колумбија во Њујорк а се сретна и со нашинци кои живеат во големото јаболко како што се нарекува Њујорк. Негов домаќин беше нашиот амбасадор во ООН професорот Љубомир Фрчковски.
Во еден момент од сесијата за прашања од публиката во универзитетот Колумбија премиерот беше запрашан како ќе се реши проблемот со Косово на што премирот го понуди Фрчковски како поседник во ООН да им помогне на Косово и Србија со оглед на неговото искуство од правењето на рамковниот договор пред 20 години кога клучен креатор на договорот беше Фрчковски како советник на покојниот Борис Трајковски кој тогаш беше претседател и клучен за правењето мир меѓу УЧК и македонската армија и полиција.
– Ние сме шампиони на балканот за мирно решавање на спорови, може да го прашате и нашиот амбасадор во ООН кој е тука во публиката тој учествуваше во правењето на мировното решение пред 20 години кога имавме конфликт – се пофали премиерот Ковачевски. Тој во таа прилика упати порака до Албин Курти да го внесе Косово во проектот Отворен Балкан затоа што тоа е економска придобивка за сите балкански економии да се задржат младите на балканот со отворање нови работни места.