Комплетно асфалтирање на улицата ,,7-ми Септември’’ во два слоја, каде претходно се реконструираше водоводната линија како и атмосферската и фекална канализација кое е во склоп на проектот од германската КФВ банка, во соработка со Општина Кавадарци и ЈП Комуналец.
Изведувач е фирмата Жикол.
Реконструкција на детско игралиште во населба ,,Кочо Рацин” на кое ќе се постават нови детски реквизити, ќе се репарираат постоечките, ќе се постави гумена подлога, нова урбана опрема и огради, и ќе се озелени.Изведувач е Градба Промет.
Во западниот дел на Градски парк „Љупчо Шкартов“ целосно се изврши хортикултурно уредување.Се посадија различни видови на стеблести растенија, цветни грмушки, цветови на кој е поставен систем за наводување, проширување на патеката, место каде што има добар поглед кон самиот град.Уредувањето на паркот е извршено од страна на „ Градба Промет“, а средствата се од буџетот на Општина Кавадарци.
Партерно уредување на површина од 420м2, нови скалници и ѕидови од декоративен блок, за комплетно функционирање на новиот парк кај споменик Киро Крстев. Целосна инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 1.600.000 ден со ДДВ.Изведувач е Градба Промет.
Реконструкција на детско игралиште на Булевар ,,Вељко Влаховиќ” на кое ќе се постават нови детски реквизити, репарираат постоечките, ќе се постави гумена подлога, нова урбана опрема и истото ќе се озелени.
Изведувач на работите е Градба Промет ☑
Започна реконструкција на детското игралиште на Булевар Никола Минчев (кај фонтана на Виното) на кое ќе се постават нови детски реквизити, ќе се репарираат постоечките, ќе се постави гумена подлога, ќе се озелени и постави нова урбана опрема.
Изведувач е Градба Промет.