🚘 Подобрување на функционалноста на сообраќајот беше барање, но и мое ветување кон граѓаните и со силна посветеност го решаваме она што долги години беше проблем.
Со денешното асфалтирање, го финализираме проектот со кој жителите на улицата ,,Христо Татарчев” добиваат нов паркинг простор на површина од околу 700m² и капацитет за 70-тина возила.
☝️ Ова секако ќе го олесни живеењето и нормалното функционирање на граѓаните со адреса на оваа улица, како и на останатите кои ќе имаат потреба таму да се паркираат.
🏙️ Креирањето на нов модерен лик на oпштина Кисела Вода подразбира решавање и на проблемот со недостиг од доволен број на паркинг места, на што интензивно работиме.
📜 Покрај овој проект, кој е во финална фаза, во изминатиот период изградивме повеќе паркиралишта како паркингот на улицата ,,Бранко Заревски” во населбата Драчево, каде се гради и уште еден на улицата Коперникова.
🅿️ Нов паркинг простор се гради и на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”, веднаш спроти ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”.
⚠️ Решение за сообраќајот во мирување добија и жителите на Бирарија, каде е изграден паркинг непосредно до градинката, како и граѓаните кои живеат во близина на бензиската станица кај Мечкаров. Во фаза на изградба е паркиралиштето во Расадник, а веќе е нарачан сообраќаен проект и за улицата ,,Иван Козаров”
💪 Работиме посветено и мотивирано, за наша Кисела Вода!
#orcegjorgjievski #kiselavoda