Во својата најнова колумна на Плусинфо, уредникот на Плусинфо, Бранко Геровски отворено му се нуди на премиерот Ковачевски да му биде пр советник, меѓу другото Геро пишува:
Едноставно, некои луѓе од службата на СДСМ за односи со јавноста направиле банален превид и текстот на говорот до медиумите го проследиле заедно со упатствата за однесувањето на говорникот. Тоа не е баш мала грешка, па Ковачевски веројатно уште еднаш треба да преиспита како функционира неговата пи-ар екипа.
Премиерот треба веднаш да излезе од вителот на страстите, во кој е втурнат од некого (тој најдобро си знае од кого). Го советувам да биде многу поотворен кон своите критичари и пред сѐ смирен и „пословен“. Накусо, да биде сѐ што не беше неговиот претходник Заев, кој се потпре на една екипа апологети, се самозаљуби, се вознесе и така ни остави богата ризница од гафови, ноторни лаги и многу сериозни промашувања во политиките.
ПС. Дознав некои информации за причините поради кои Ковачевски не бил на отслужување на воениот рок, но не сакам да се мешам во неговата и во работата на неговите служби. Следам и гледам кој како се однесува во услови на „кризен менаџмент“. И забележувам многу пропусти, неснаоѓање, незнаење. Тоа е, веќе видено…
Со ова Геро моли за да биде спасен од белата палата каде е приморан да брани нешто што не се брани, значи националистички анти западни политики, тоа дури и за Геро е премногу, он би сакал да биде главен про ЕУ про запад медиски стратег само некој треба да го ангажира и да го ухлеби да го направи шеф за да КУМАНДА да раководи да менаџира он цел живот е главен уредник на големи тимови, човекот е его манијак желен за моќ и за влијание, он да мести влади, он да мести амбасадори и директори и градоначалници, он да креира надворешна политика, тоа е желен за моќ но не преку избори туку со медиско роварење и византиски игри местенки и манипулации до бескрај.