Платформата за стриминг содржини GLEY го започна пилот-проектот „GLEY и движи“, видео-серијал фокусиран на јога, вежби и медитација. Содржините се развиени во соработка со јога инструкторката Лејла Рамковска и уште четворица тренери, и се достапни на платформата.
Серијалот содржи осум видеа со траење од 15 до 30 минути, насочени кон утринско активирање, справување со болки во грбот, техники за релаксација и медитација. Целта е корисниците да имаат пристап до физичка активност во домашни услови, без потреба од дополнителна опрема.Од GLEY велат дека проектот претставува дел од поширока иницијатива за велнес-содржини прилагодени за различни возрасни групи и нивоа на физичка подготвеност.Содржините може да се следат преку мобилен телефон, компјутер или смарт телевизор.