Граѓанскиот сектор има суштинска улога во креирањето на квалитетни политики за добро владеење и дигитална трансформација на општеството.
На денешниот состанок со претставници од Фондацијата Метаморфозис, предводени од извршниот директор Бардил Јашари, разговаравме за важноста на процесот на дигитална трансформација на општеството.
Вклученоста на граѓанскиот сектор во сите општествени процеси, вклучително и во делот на дигиталната трансформација на општеството е од исклучително значење.
За таа цел воспоставив редовна комуникација со граѓанскиот сектор, кој дава значаен придонес и чија улога е суштинска во креирањето на квалитетни политики во трите клучни стлба на кои работи мојот Кабинет, а тоа се – дигитална трансформација на општеството, антикорупциски политики и добро владеење, како и професионални, ефикасни и транспарентни институции.