Младите се значаен фактор во градењето и развојот на нашето општество и токму затоа ми беше чест да се обратам на првиот Национален средношколски самит, на кој учениците од сите средни училишта во земјава отворено разговараа за предизвиците со кои се соочуваат во текот на своето образование.
Им порачав да бидат храбри и отворено да зборуваат и да се борат за своите права и потреби, затоа што нивниот глас е важен и клучен во креирањето на образовните политики.
Ги охрабрив да бидат обединети, бидејќи независно од каде доаѓаат и какви идеали делат сите се соочуваат со истите потреби.
Сите ние сме дел од промените и затоа ги информирав за кампањата што ја води мојот Кабинет, #ЗависиОдМенеИТебе, која ја праќа пораката дека од секој од нас поединечно зависи во какво општество ќе живееме.
Сите ние треба да ја шириме пораката дека принципите на интегритет се клучни во градењето на одговорно и демократско општество.