🇲🇰🇺🇸Денеска на покана од Амбасадата на САД во Скопје, се приклучив кон хуманитарната акција која се одржа по повод настаните од 11 Септември 2001, насловена како Национален ден на служба и сеќавање.
Во таа насока дарував крв, како дел од крводарителската акција која ја организираше Американската Амбасада во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина.
Во рамки на денешниот настан беа собрани донации кои треба да му помогнат на Црвениот Крст да ги надополни залихите на крв, како и да обезбеди храна и други средства за семејствата во социјален ризик за претстојниот зимски период.
На церемонијалната средба, се сретнав и разговарав со заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, господинот Ерик Мејер.