Ташко Тошковски, таткото на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во 2013 година е осуден на осум месеци затвор или две години условна казна за измама од член 247 ст. 4 в.в. ст. 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Од пресудата на Основниот суд во Велес, се гледа дека таткото на Тошковски е осуден затоа што измамил осум луѓе, на кои им земал одредена сум на пари, сите над 3.000 евра, ветувајќи им дека за тие пари ќе им среди да земат инвалидска пензија. Откако не успеал, измамените го пријавиле, по што е осуден на две години условна казна.


Во продолжение дел од пресудата:
Виновен е затоа што:
- На точно неутврден датум во текот на месец август 2008 година со
намера за себе и за други да прибави противправна имотна корист го довел во
залуда оштетениот Ристов Ѓорѓи од В. лажно прикажувајки му го фактот дека за
одреден паричен надомест наменет за членовите на инвалидската комисија
може да му овозможи остварување на право на инвалидска пензија укажувајки
му дека по поднесување на барањето до Комисијата за утврдување на
инвалидност во Скопје ќе добие покана на која не треба да се јавува на лекарски
преглед а ќе добие решение за инвалидска пензија со што го навел да на штета
на неговиот имот од поголема вредност му исплати 3.300 евра во денарска
противвредност од 202.950,00 денари па откако истиот не се јавил во два
наврати на закажаните лекарски прегледи во месец 12/2008 година не го
остварил правото на инвалидска пензија.
2.На точно неутврден датум во текот намесец јануари 2009 година со
намера за себе и за други да прибави противправна имотна корист го довел во
заблуда оштетениот Јорданче Јанков од В. лажно прикажувајки му го фактот
дека за одреден паричен надомест може да му овозможи остварување на право
на инвалидска пензија укажувајки му дека по поднесување на барањето до
Комисијата за утврдување на инвалидност во Скопје ќе добие покана на која не
треба да се јавува на лекарски преглед а ќе добие решение за инвалидска
пензија со што го навел да на штета на неговиот имот од поголема вредност му
исплати 3.500евра во денарска противвредност од 215.250,00 денари а не го
остварил правото на инвалидска пензија,
3.На точно неутврден датум во текот на месец февруари 2009 година со
намера за себе и за други да прибави противправна имотна корист го довел во
заблуда оштетениот Благој Ѓорѓиев од В. лажно прикажувајки му го актот дека за
одреден паричен надомест наменет за членовите на инвалидската комисија
може да му овозможи остварување на право на инвалидска пензија укажувајки
му дека по поднесување на барањето до Комисијата за утврдување на
инвалидсност во Скопје ќе добие покана на која не треба да се јавува на
лекарски преглед а ќе добие решение за инвалидска пензија со што го навел да
на штета на неговиот имот од поголема вредност му искпати 3.300 евра во
денарска противвредност од 202.950,00 денари па откако истиот не се јавил во
два наврати на закажаните лекарски прегледи и тоа: во месец март 2009 година
и во месец април 2009 година не го остварил правото на инвалидска пензија.
4.На точно неутврден датум во текот на месец март 2009 година со
намера за себе и за други да прибави противправна имотна корист го довел во
заблуда оштетениот Киро Стојанов од В. лажно прикажувајки му го фактот дека
за одреден паричен надомест наменет за членовите на инвалидската комисија
може да му овозможи остварување на право на инвалидска пензија укажувајки
му дека по поднесување на барањето до Комисијата за утврдување
наинвалидсност во Скпје ќе добие покана на која не треба да се јавува на
лекарски преглед а ќе добие решение за инвалидска пензија со што го навел да
на штета на негоиот имот од поголема вредност му исплати 3.500 евра во
денарска противвредност од 215.250,00 денари па иткако истиот не се јавил во
два наврати на закажаните лекарски прегледи не го остварил правото на
инвалидска пензија.
5.На точно неутврден датум во текот на 2009 година со намера за себе и
за други да прибави противправна имотна корист го довел во заблуда
оштетениот Андон Настов од В. лажно прикажувајки му го фактот дека одреден
паричен надомест наменет зачленовите на инвалидска комисија може да му
овозможи остварување на право на инвалидска пензија укажувајки му дека по
поднесување на барањето до Комисијата за утврдување на инвалидност во
Скопје ќе добие покана на која не треба да се јавува на лекарски преглед а ќе
добие решение за инвалидска пензија со што го навел да наштета на неговиот
имот од поголема вредност му исплати 3.300 евра во денарска противвредност
од 202.950,00 денари па откако истиот не се јавил на закажаниот лекарски
преглед, не го остварил правото на инвалидска пензија, - На точно неутврден датум во текот на 2009 година со намера за себе и
за други да прибави противправна имотна корист го довел во заблуда
оштетениот Илија Настев од В. лажно прикажувајки му го фактот дека за
одреден паричен надомест наманет за членовите на инвалидската комисија
може да му овозможи остварување на право на инвалидска пензија укажувајки
му дека по поднесување на барањето до Комисијата за утврдување на
инвалидсност во Скопје ќе добие покана на која не треба да се јавува на
лекарски преглед а ќе добие решение за инвалидска пензија со што го навел да
наштета на неговиот имот од поголема вредност му исплати 3.300 евра во
денарска противвредност од 202.950,00 денари а не го остварил правото на
инвалидска пензија. - На точно неутврден датум во текот на 2009 година со намера за себе и
за други да прибави противправна имотна корист го довел во заблуда
оштетениот Николов Глигор од В. лажно прикажувајки му го фактот дека за
одреден паричен надомест наменест за членовите на инвалидската комисија
може да му овозможи остварување на право на инвалидска пензија укажувајки
му дека по поднесување на барањето до Комисиајта за утврдување на
инвалидсност во Скопје ќше добие покана на која не треба да се јавува на
лекарски преглед а ќе добие решение за инвалидска пензија со што го навел да
2
«К.бр.272/12»
на штета на неговиот имот од поголема вредност му исплати 3.300 евра во
денарска противвредност од 202.950,00 денари но истиот не го остварил правото
на инвалидска пензија.
8.На точно неутврден датум во текот на 2009 година со намера за себе и
за други да прибави противправна имотна корист го довел во заблуда
оштетениот Панче Јованов од В. лажно прикажувајии му го фактот дека за
одреден паричен надомест наменет за членовите на инвалидската комисија
може да му овозможи остварување на право на инвалидскапензија укажувајки му
дека по поднесување на барањето до Комисиајта за утврдување на
инвалидсност во Скопје ќе добие покана на која не треба да се јавува на
лекарски преглед а ќе добие решение за инвалидска пензија со што го навел да
наштета на неговиот имот од поголема вредност му исплати 3.300 евра во
денарска противвредност од 202950,00 денари па откако истиот не се јавил на
закажаниот лекарски преглед, не го остварил правото на инвалидска пензија.
Со што обвинетиот сторил осум кривични дела Измама по чл.247ст. 3 в.в.
ст. 2 од КЗ па согласно овој член и членовите 4, 32, 35, 41,44,49 и 50 од КЗ и
чл.89, 92 и 100, од ЗКП, му се утврдува казна затвор во траење од по 2(два)
месеци и за дела сторени во стек му се изрекува единствена казна затвор во
тарење од 8(осум) месеци и истовремено се определува алтернативна мерка
УСЛОВНА ОСУДА
Утврдената казна затвор во траење од 8(осум) месеци нема да се изврши
доколку обвинетиот во време од 2(две) години по правосилноста на пресудата
не стори ново кривично дел.
Инаку вчера беа приведени 49 лица за злоупотреби во постапки за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии, практично истото за што е осуден таткото на министерот Тошковски. И бидејќи постојано зборуваат дека ќе го менуваат системот, дали мислите дека луѓе кои профитираат и егзистираат од системот сакаат и можат да го сменат?