Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека судирот меѓу патнички авион и воениот хеликоптер над Вашингтон е резултат на грешка или поконкретно „проблем со висината“ на која летал воениот авион. Тој рече дека хеликоптерот со тричлен екипаж учествувал во „рутинска годишна обука за ноќни летови на стандарден коридор на владина мисија“, објави Си-Ен-Ен.
– Имаше некаков проблем со висината, ние веднаш почнавме да го истражуваме на ниво на Министерството за одбрана и војската – рече тој. Тој нагласи дека војската ќе ги истражи деталите. Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на националниот аеродром Вашингтон Роналд Реган во близина на Вашингтон.