Тој беше еден од големите сонувачи на македонскиот театар и филм, творец кој со својот децениски професионален влог остави неизбришливи траги во македонската култура.
Неговиот придонес во развојот на македонската театарска уметност, многубројните улоги остварени на сцените на нашите театри, како и неговите антологиски филмски улоги, се само потврда дека загубивме голем уметник. Ќе го паметиме и по неговите маестрални интерпретации на современата поезија.
Марин Бабиќ во својот животен и работен век, беше гордост на нашата држава.