Никој нема да биде оставен сам во оваа најтешка енергетска криза. Преземаме храбри одлуки за зголемување на домашното производство на земјоделски производи и храна, за земјоделците да имаат помали трошоци.
Со нов „decoupling” модел за распределба на субвенциите емјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите, тогаш кога најмногу им требаат пари за да имаат одржливо производство. Ставаме фокус на стратешките земјоделски производи, ги мотивираме земјоделци да произведат повеќе, да го искористат секое парче земја за производство.