Активноста се реализира во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници„ чија што цел е обезбедување на достојно домување и урбанизација на Ромските заедници во Шуто Оризари и Велес. Во рамки на истиот проект, во општина Велес се реновираат 3 домаќинства.
На настанот волонтираа заменикот претседател на Habitat for Humanity International for Europe and Middle East – Rick Hathaway, директорот на Хабитат Македонија Зоран Костов, г-динот Нафи Сарачини од Делегацијата на ЕУ и преставници на општината.