Британската премиерка Лиз Трас денеска поднесе оставка од лидер на Конзервативната партија, а својата одлука таа ја соопшти пред канцеларијката во даунинг Стрит 10 во Лондон, јавија Би-би-си.
Трас изјави дека изборите за лидер на Конзервативната партија, што потоа треба да биде и новиот британски премиер, ќе се оддржат следната недела, а дека таа ќе остане на местото премиерка се до изборот на нејзиниот наследник.
Би-би-си во првичниот коментар на оставката на Трас од функцијата наведува дека никогаш досега во поновата британска историја не е видена ваква политичка разврска, бидејќи токму вчера таа кажа дека е борец и дека нема да се откаже.
Но, оставката, додава Би-би-си во анализата, го покажува хаосот во Владата, Парламентот и Конзервативната партија што ја довеле Трас до точката што значи дека таа знае дека не може да продолжи.
-Ова што сега се случува сега е најбрзиот пресврт на моќта што сме го виделе во модерното време, наведува Ник Ердерли, од надворешната редакција на Би-би-си.
„Ова се промени со брзината на молња. Прашањето е дали Конзервативната партија може да се здружи околу нов лидер и дали партијата може да избегне општи избори. Во октомври ќе го имаме третиот премиер годинава. Ова е невидена ситуација и невиден краток мандат како премиер и невидена криза во британската политика“, се додава во првичниот коментар на Би-би-си на оставката на британската премиерка Лиз Трас.
Трас заминува поради неуспех на нејзината економска програма која испрати шокови низ пазарите и ја подели дури и нејзината Конзервативна партија само шест недели откако беше назначена, објави Ројтерс.
Изборите за нов лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела.
Зборувајќи пред нејзината канцеларија број 10 на Даунинг стрит во Лондон, Трас прифати дека не може да ги исполни ветувањата што ги дала кога се кандидирала за лидер на конзервативците, бидејќи ја изгубила довербата во својата партија.
„Признавам, иако, со оглед на ситуацијата, не можам да имам резултати во мандатот за кој бев избрана од Конзервативната партија. Затоа разговарав со неговото височество – Кралот за да го известам дека поднесувам оставка како лидер на Конзервативната партија“, рече таа.
„Утрово се сретнав со претседателот на Комитетот Сер Греам Брејди. Се договоривме дека изборите за лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела. Тоа ќе осигура одржување на економската стабилност и националната безбедност на нашата земја“, рече Трас.