16.8 C
Скопје
08/06/2025 01:59
МАКТЕЛ

   

Локвенец: На 29 октомври почнува градбата на првите две делници од Куманово до Бељаковце, до крајот на 2027 година ќе имале готова пруга кон Бугарија

      

На 29 октомври оваа година официјално ќе биде означен почетокот на изградбата на првите две делници од пругата на Коридорот 8 – од Куманово до Бељаковце и од Бељковце до Крива Паланка, а работите треба да се финализираат до крајот на 2025 година, за што се обезбедени сите потребни средства и е завршена експропријацијата на земјиштето.

   

Како што информира на денешната средба со новинарите директорот на „ЖРСМ Инфраструктура”, Хари Локвенец, делницата од Куманово до Бељаковце, во должина од 31 километар, ќе ја гради конзорциумот „Штрабак”, сочинет од компании од повеќе држави. Проектното време за оваа делница е определено на 24 месеци, меѓутоа, посочува тој, од самата компанија има најава дека би завршиле со работа во рок од 18 месеци. Вториот дел ќе го работи турската компанија „Ѓулермак” и проектното време за изведба на овој проект е предвидено да биде во рок од 36 месеци. Двете компании работите на терен ќе ги започнат на 18 октомври.

– Тоа значи дека до крајот на 2025 година ние би ги имале завршено двете фази од пругата до Република Бугарија, до Крива Паланка, рече Локвенец, при што дополни дека 54 проценти од првата делница е веќе изградена.

Што се однесува до третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, директорот информира дека во завршна фаза е подготовката на тендерската документација, која би требало да се објави најдоцна до почетокот на 2023 година и изборот да биде завршен до крајот на следната година, кога би требало да биде означен и почетокот на изградбата.

– Проектното време за завршување на овој дел од пругата е четири години и ве уверувам дека овде не е прашање дали можеме. Заради условите на ЕУ и заради потребата да го покажеме својот капацитет, својата подготвеност да го сработиме тоа, ние мораме да ја почнеме изведбата на овој дел од пругата кон Бугарија до крајот на 2023 година. Земајќи предвид дека предвиденото време за градба на тој дел е четири години, значи дека до крајот на 2027 година ние би имале готова пруга кон Бугарија. За да стигне возот до Софија или од Софија до Скопје потребно е и нашите колеги од бугарска страна да ја завршат својата работа. Имаме ветување со нивните проекции дека својата работа тие ќе ја завршат до 2027 година. Тоа значи дека буквално сме комплементарни во својата работа и се надополнуваме во реализацијата на овој важен инфраструктурен проект, нагласи Локвенец.

Тој уверува дека роковите ќе бидат испочитувани, со оглед дека се исполнети сите три предуслови – обезбедени се средствата, со огромна помош од ЕУ и грант средствата кои ги имаме добиено од Унијата, како и од ЕБРД со поддршка на канцеларијата на оваа банка во Скопје. Второ, според Локвенец, во однос на културното наследство или археологијата, од релевантни државни институции е потврдено дека на самата траса на пругата нема големи археолошки наоѓалишта и некрополи кои би ја спречиле или би ја забавиле градбата на овој проект.

– За третата и многу важна работа – експропријацијата. Првпат можам да ја информирам македонската јавност дека пред почеток на самата градба „Македонски железници – Инфраструктура” стопроцентно ја има завршено експропријацијата и таа нема да претставува закана во понатамошниот тек на реализација на овој проект. Четвртата работа можеме слободно да ја спомнеме, тоа е квалитетот и посветеноста на фирмите изведувачи за која се надевам дека сме ги избрале вистинските и дека станува збор за капацитативни компании со желба и да се докажат пред европскиот пазар дека се подготвени да реализираат ваков проект и со сите овие предуслови од наша страна убеден сум дека и тие ќе одговорат на предизвикот на време на реализација на овој проект, вели Локвенец, кој додава дека за првите две делници од пругата Куманово до Крива Паланка се решени 1500 предмети за експропријација.

Тој најави дека на 11 октомври првпат како претставници на земја не членка на ЕУ, што случајно се совпаѓа со нашиот државен празник – Денот на народното востание на македонскиот народ, во Брисел „ЖРСМ – Инфраструктура” ќе бидат во можност пред европратениците да ги промовираат македонските инфраструктурни проекти во железницата

– Од една страна да го промовираме досега сработеното и во исто време да зборуваме и за сите идни планови кои се во насока на исполнување на европската стратегија поврзана со железничката инфраструктура, нагласи Локвенец.

Што се однесува до западното крило од Коридорот 8 кон Република Албанија, во должина од 63 километри, односно делницата од Кичево до Лин, Локвенец појасни дека поради забелешките од УНЕСКО, ќе се изврши промена на трасата во делот кон Лин, поради потенцијални ризици по Охридското Езеро од градбата на логистичката инфраструктура на пругата. Поради нејзината стратешка важност, очекувањата се оваа делница, да биде завршена до 2030 година и од потребните 530 милиони евра 50 проценти да се обезбедат во форма на грант од ЕУ.

– Со завршување на западното крило, всушност ние би го завршиле целиот Коридор 8 и тоа е од исклучителна важност за нашата држава зошто на таков начин со целосното градење на Коридорот 8 и поврзувањето на Драч како Јадранско или Средоземноморско пристаниште со пристаништата во Бургас и Варна на Црното Море, со поврзувањето на Средоземноморскиот со Црноморскиот регион, го градиме континенталниот Босфор на Балканот и во Европа. Втора работа, со завршувањето на нашиот дел од Коридорот 8, ние придонесуваме кон креирање на коридор со кој ќе се поврзат три НАТО држави и трета многу важна работа е дека ќе придонесеме преку овој коридор да учествуваме во промовирање на европската Зелена агенда, зошто само преку железници вие можете да пренесете 1500 тони стока во еден здив и со минимум загадување на околината кое во овој момент е исклучително важно, подвлекува Локвенец.

Во овој контекст, додава тој, многу е важно и приклучувањето на Северна Македонија кон иницијативата „Три мориња”.

– Пругата е многу важна работа поврзана со европските иницијативи и агенда е дека единствено ние и Република Албанија, недостасуваме во иницијативата „Три мориња”, многу интензивна во овој момент од страна на ЕУ, а тоа е поврзувањето на Балтичкото со Црното и Јадранското Море. На таков начин покажуваме не само дека сме територијално географски дел од ЕУ, туку и со сите овие активности покажуваме капацитативност дека сме рамо до рамо со нашите европски пријатели и можеме да учествуваме во реализација на сите проекти предвидени од страна на ЕУ, дециден е Локвенец.

Инаку, Бугарија за Коридорот 8 има добиено 1,8 милијарди евра од ЕУ која целосно ќе ја финансира изградбата на нова траса од Софија кон Ѓуешево.

Според проектната документација, на првата делница од пругата од источното крило на Коридорот 8 треба да бидат изградени железнички станици во Ново Куманово, Шупљи Камен и Бељаковце, како и шест стојалишта, на втората ќе има станици во Крива Паланка и Гиновце и три стојалишта, додека на третата, долж 24 километри се проектирани 25 тунели и 51 мост.

Проектот за пругата кон Бугарија е почнат во 1994 година, а работите првпат беа стопирани во 2004 година. Продолжија една деценија подоцна, во март 2014 година, но не беше испочитуван поставениот рок за завршување на работите до 2016 година, поради, според официјалните образложенија, проблемите од имотно-правен карактер. Активности на терен нема од јуни 2020 година, кога тогашниот изведувач германски „Вибе” еднострано го раскина Договорот.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) лани во јануари објави тендер за избор на изведувачи на пругата, а постапката беше заокружена минатиот месец, кога беа потпишани договори со „Штрабак” и „Ѓулермак”. Дел од тендерот е и договорот за реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10, во должина од 31 километар, а изведбата на инвестицијата од 4,8 милиони евра ја доби „Штрабак”. Вкупната финансиска конструкција за трите договори изнесува над 200 милиони евра.

   

Најново

Украински пратеник обвинува: Зеленски ги зема парите на загинатите војници

Sase Ivanovski

Бројот на загинатите во нападот во Харков се искачи на четири, 60 се повредени, меѓу кои и едно бебе

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на Маск за прв пат од почетокот на спорот: Ќе се соочи со „сериозни последици“

Sase Ivanovski

Германија планира да ги прошири своите бункери и засолништа поради страв од конфликт со Русија

Sase Ivanovski

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа

Sase Ivanovski

Локализиран пожар во село Пелинце – изгоре една куќа, избегната поголема катастрофа

Sase Ivanovski

Франција: Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет

Sase Ivanovski

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК го искина писмото од претседателката Силјановска Давкова: Ова за мене не важи, вие не сте способни!

Sase Ivanovski

Поранешната на Илон Маск го повика Трамп: Еј Доналд, јави се ако ти треба совет за раскинување

Sase Ivanovski

Вклучување на Машинскиот факултет – Скопје во European ManufacturingSurvey: Пат кон регионална релевантност и видливост

Sase Ivanovski

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНСКАТА ПРИНЦЕЗА ЕДВАЈ ЈА ПРИЖИВЕА НЕСРЕЌАТА СО МОТОР Марија Каролија се огласи од болничкиот кревет

Sase Ivanovski

ЕУ ги менува правилата: Драстично ќе се намали надоместокот за доцнење на летовите?

Sase Ivanovski

СВР Скопје поднесе пријава за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул.„Словенија“

Sase Ivanovski

Минималните плати во Европа низ призмата на трошоците за живот

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев оствари повеќе билатерални средби на вториот ден од конференцијата на Интерпол која се одржува во Атина, Грција

Sase Ivanovski

Захарова: На Украина не и требаат граѓани, ниту живи, ниту мртви

Sase Ivanovski

Кремљ: Путин ќе му помогне на Трамп со Иран

Sase Ivanovski

Ристески: Многу нови мерки и повеќе средства во Оперативниот план за вработувања за 2025 година

Sase Ivanovski

180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје, 15 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

ЕНЕС ИБРАХИМ: Не можам да го разберам амбасадорот Улусој, кој заедно со министерот со српско етничко потекло Стоилковиќ, кој има радикални политички ставови, ги посетува селата во источна Македонија, каде што живеат Турци

Sase Ivanovski

МУ ВЕЛАТ „АУФИДЕРЗЕН“ НА ФОЛКСВАГЕН СО 400.000 ЕВРА ОТПРЕМНИНА Автомобилскиот гигант штеди спогодувајќи се со 20.000 вработени

Sase Ivanovski

БИЛ АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦАЈЦИ Скопјанец е приведен во Кавадарци

Sase Ivanovski

Работодавачите бараат пензионерите да работат повеќе од 180 дена годишно

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Владата со конкретни мерки и политики кои доведоа до раст на БДП, скоро 11 милијарди денари од Буџетот вбризгани во македонската економија

Sase Ivanovski

ГЕРМАНСКИ ГРАД БАРА НОВИ ЖИТЕЛИ: Нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа

Sase Ivanovski

„Волстрит журнал“: Иран набавил илјадници тони компоненти за балистички ракети од Кина

Sase Ivanovski

Извозот на Украина во ЕУ повеќе не е без царина

Sase Ivanovski

Високи безбедносни мерки за фудбалскиот натпревар Албанија – Србија во Тирана

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Се вжештува атмосферата во Тирана пред натпреварот Албанија – Србија

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел ја води Европа кон конфликт, Украина ја претставува како штит на континентот

Sase Ivanovski

Николовски: Парите од британскиот кредит да се искористат за проекти што ќе враќаат пари

Sase Ivanovski

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево

Sase Ivanovski

Во пакет на DHL пронајден бел прав – 12 лица побараа медицинска помош во Германија

Sase Ivanovski

НОВ НЕУСПЕХ ЗА ЈАПОНИЈА Леталото се урна при слетувањето на Месечината

Sase Ivanovski

Патраклиски: За Мерцедес правиме 300.000 работни маички

Sase Ivanovski

Патраклиски од ЕАМ: Бизнисот го започнавме со 7.000 марки во станот на баба ми

Sase Ivanovski

МАСК ЗА ТРАМП: Без мене немаше да ги добие изборите, каква неблагодарност

Sase Ivanovski

Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем

Sase Ivanovski

Недељковиќ: Модернизирањето на пругата ќе ја зголеми значително економската соработка и туризмот со Србија

Sase Ivanovski

Трамп загуби 1,1 милијарда долари од јавното препукување со Маск

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патраклиски во „Бизнис муабети“: Како ЕАМ наиде на соработка со Илон Маск?

Sase Ivanovski

Прес – конференција на Крстевски за вториот Јавен повикза финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на Општина Куманово за 2025 година

Sase Ivanovski

Израелската војска верува дека го пронашла телото на лидерот на Хамас Мохамед Синвар

Sase Ivanovski

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Sase Ivanovski

СО ЛИЧНА КАРТА НА ШТИПЈАНКА ЗЕМАЛ БРЗИ КРЕДИТИ Се запознале на Фејсбук, ѝ ветил работа во странска фирма

Sase Ivanovski

Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

Sase Ivanovski

Зошто Халкидики има се почесто земјотреси?

Sase Ivanovski

Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје

Sase Ivanovski

ПРОДАЖБАТА НА ТЕМУ НАГЛО ПАДНА: Веќе не е евтино, ниту толку едноставно

Sase Ivanovski

14.372 ЛИЦА СЕ ПОВРЕДИЛЕ ПРИ ЖРТВУВАЊЕ ЖИВОТНИ Курбан Бајрам бил крвав во Турција

Sase Ivanovski

Анкета: Се зголемува поддршката за демохристијаните, се намалува за Алтернатива за Германија

Sase Ivanovski

„Егзит“ остана без финансирање како казна за поддршка на студентските протести

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЈА НАДИГРА БЕЛГИЈА, АМА ИСПУШТИ 3 БОДА Алиоски постигна гол за паметење!

Sase Ivanovski

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Sase Ivanovski

“Мајка ми е мртва за мене” или Зошто жените ги прекинуваат врските со токсичните родители?

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ja пренасочува опремата против дронови наменета за Украина кон Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Бранимир Јовановиќ за „Слободен печат“: Фалбите за економски раст се празни флоскули и чист пи-ар

Sase Ivanovski

Митови и факти ЕП 16 | Ѓорчев: Колективниот Запад не постои, светот е мултиполарен

Sase Ivanovski

Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме

Sase Ivanovski

Трамп нареди истрага за активностите на Џо Бајден

Sase Ivanovski

ЗОШТО НЕ Е ДОБРО ДЕЦАТА ДА ИМААТ СВОИ ПАРИ? Не смеат да прават што сакаат и да трошат без да прашаат

Sase Ivanovski

МОМЧЕ ОД НЕГОТИНО БИЛО ПРЕТЕПАНО ОД ТРОЈЦА НАСИЛНИЦИ Побегнало кај родителите, удриле и по нив

Sase Ivanovski

Хамас тврди дека израелската армија го опколила делот од Газа каде што држи израелски заложник

Sase Ivanovski

АНГЕЛА И АНДРЕЈ СЕ ВРАТИЈА ДОМА Од болницата во Белград отпуштени се последните пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

САД го назначија Алексус Гринкевич за нов врховен командант на НАТО за Европа

Sase Ivanovski

Парите од УСАИД, САД ќе ги даваат на фондација за помош на Газа

Sase Ivanovski

Министрите на НАТО ја договорија најголемата програма за оружје од Студената војна

Sase Ivanovski

ДЕН ЗА СПОМНУВАЊЕ НА МРТВИТЕ Македонски народни обичаи и верувања за Духовден

Sase Ivanovski

Со 250 милиони долари, Стејт департментот ќе го финансира доброволното враќање на мигрантите

Sase Ivanovski

СРЦЕТО РЕАГИРА БУРНО НА ЖЕШТИНАТА Еве како да се заштитите и да спречите срцев или мозочен удар

Sase Ivanovski

ЗА ОНИЕ НА КОИ ХРАНАТА ИМ Е УТЕХА Еве како да препознаете емоционално прејадување

Sase Ivanovski

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ СВЕТА ГОРА Се стресе Халкидики, туристите се во паника

Sase Ivanovski

КОЛКУ ПАТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ СЕКС ЗА ДА НЕ БИДЕТЕ ДЕПРЕСИВНИ? Науката го откри магичниот број

Sase Ivanovski

АПСАЈД ДАУН Биполарно растројство: 10 симптоми и како да ги препознаете?

Sase Ivanovski

Косово: И 28. обид за конституирање на парламентот заврши без успех

Sase Ivanovski

Русија ја обвинува Украина за одложување на договорената размена на затвореници

Sase Ivanovski

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир

Sase Ivanovski

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда

Sase Ivanovski

ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Sase Ivanovski
Вчитувам....