Оваа фирма има неделно производство над 400.000 единици, вискоквалитетни перници, јоргани, заштитници за јоги, вреќи за спиење и постелнини со врвен квалитет кои се пласираат во над 30 земји во светот.
Менаџерскиот тим на Комфи Ангел, се одличен пример дека и во специфични услови ако се умее може да се обезбеди одржлив раст на продажбата, да се креираат можности за зголемување на производството и отворање на нови работни места.
На денешниот состанок заеднички ги разгледавме потребите што оваа дејност ги има. Преку контуинирани посети, разговори и дијалог со даночните обврзници, креираме услови за раст и развој на домашното производство, а со тоа создаваме услови и за економскиот раст.