Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели дека Кочани не смее да биде оставено во ваков траор како што се наоѓа сега.
„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми. Едно лечиме на друго место ни се создава жариште, велат докторите кои ги лекуваат повредените од трагедијата во Кочани. Секој ден нови проблеми кај дечињата во првите три недели се јавуваа, многу непланирани операции, кои и докторите не ги очекуваа. Толку е комплексна таа повреда, тие 190 дечиња, што ќе ги носат со години, и што никој од медицинските лица не им гарантира одреден рок за заздравување. Тоа ќе биде долг процес за рехабилитација“, објаснува таа за Телма.