Министерството за спорт во соработка со Владата на Македонија организира свечена церемонија на 11 јуни во 12:00 часот, на која ќе бидат доделени Национални признанија за врвни спортски достигнувања на најуспешните македонски спортисти. На настанот ќе присуствуваат министерот за спорт Борко Ристовски и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, а признанијата ќе им бидат врачени на имиња кои оставиле траен белег во историјата на македонскиот спорт.
Признанија ќе добијат Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Петар Наумоски, Перо Антиќ, Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева.
Овие спортски имиња со своите настапи на клупско и репрезентативно ниво ги претставуваа националните бои со гордост и посветеност. Тие се легенди на колективните спортови, кои со своите успеси го врежаа своето име во колективната меморија на македонското општество. Ова признание претставува симболична, но значајна благодарност за нивниот придонес во развојот на спортот и афирмацијата на Македонија во светот.