Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката со Светскиот економски форум, во насока на иницирање нови партнерства и заеднички иницијативи во областите на економскиот развој, дигиталната трансформација, иновациите и одржливоста. Заеднички ја нагласивме важноста од силна соработка помеѓу владите, бизнис-секторот и граѓанското општество за справување со современите глобални предизвици. Разменивме и мислења за актуелните регионални и глобални трендови.
Воедно, упатив искрена благодарност до Светскиот економски форум за неодамнешното признание „Млад глобален лидер за 2025 година“ и изразив подготвеност да придонесувам кон понатамошно споделување на вредностите што оваа организација ги промовира.
View this post on Instagram