Новината да се полага во амфитеатри и во факултетски предавалници доаѓа откако секоја година се јавува проблем со препишување во деновите кога се полагаат екстерните тестови. Оваа година, матурантите кои учат во скопските средни училишта испитите од државната матура ќе ги полагаат во амфитеатри и предавалници на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова се прави за да се намалат препишувањата, кои секоја година се евидентираат во голем број. Информацијата дека за прв пат годинава ќе се организира на УКИМ, за Мета ја потврди ректорката, Билјана Ангелова. „Веќе е договорено со Министерството за образование и наука како и со Државниот испитен центар, матура да се полага на факултети при УКИМ. Ќе се користат простории на Градежниот факултет, на Архитектура, на Земјоделски факултет, на Педагошки, на Машински, на факултетот за електротехника и информациски технологии, како и на Технолошко-металуршкиот факултет. Ќе се полагаат екстерните предмети математика, мајчин јазик и странски јазици, на 31 мај и на 11 јуни. Вкупно на УКИМ ќе полагаат 1.400 средношколци“, вели Ангелова за Мета.
Најново
Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа
Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг
Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“
ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид
Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието
Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели
ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“
ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани
Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната
Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година
Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!
Вчитувам....