Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција нема да одговори со нуклеарно оружје доколку Русија го употреби против Украина. „Нашата доктрина почива на основните интереси на нацијата“, рече тој за јавниот сервис Франс 2. „Тие се јасно дефинирани и нема да бидат директно засегнати доколку, на пример, има балистички нуклеарен напад во Украина, во регионот“.
Ова е првпат Макрон детално да зборува за француското нуклеарно оружје во овој контекст. Тој додаде дека не е добро да се зборува премногу за тоа. И покрај заканите на Путин, нема конкретни индиции дека Русија преместува нуклеарно оружје, што би укажало дека се подготвува да го употреби.
Макрон рече дека Путин мора да се врати на масата за да разговара за мирот во Украина и дека мисли дека Киев во одреден момент ќе мора да преговара со него. „Путин мора да ја прекине оваа војна, да го почитува територијалниот интегритет на Украина и да се врати на маса и да разговара“, рече Макрон,пренесе Индекс.хр.
Ова е втор пат Макрон да се изглупира, пред неколку месеци изјави дека Путин не смее да биде посрамен во Украина?!?! Франција е земја која прати најмалку помош на Украина само 250 милиони евра додека другите пратија милијарди долари дури и една Германија има пратено дупло повеќе од Франција?!