Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за „Функционирање на демократските институции“, во своето воведно обраќање рече дека ова е област која е од суштинска важност за секое демократско општество и дека ќе бара максимална посветеност на реформската агенда која ќе помогне да се забрза напредокот во оваа важна област.
–Реформските процеси не се само за воведување нова легислатива и организирање дебати и консултации за реформите поврзани со ЕУ, посочи Маричиќ.
Денеска се одржа објаснувачкиот скриниг состанок за уште една област што првпат се воведува во пристапните преговори – „Функционирање на демократските институции“, во рамки на кластерот „Темели“, која е основна вредност врз која функционира Европската Унија.
Утре ќе се одржи скрининг состанок за Поглавје 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој завршуваат објаснувачките скрининг состаноци за Кластер 1, „Темели.