Експертизата, препораките и советите кои ги добивме од Европската комисија ќе бидат добар водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје. 🇲🇰🇪🇺🇲🇰🇪🇺
Македонскиот преговарачки тим и јас, како поранешен министер за правда, го знаеме предизвикот кој ќе го имаме во ова поглавје и дека напредокот во областа владеење на правото ќе биде јасен показател за текот на преговарачкиот процес.
🚩Институциите и администрацијата имаат мотивација, а Владата политичка волја за да продолжат реформите во правосудството и да обезбедиме за граѓаните судски систем кој ќе функционира по европски стандарди.
Направивме поместувања во функционирањето на правосудниот систем, но ова е област во која ќе имаме уште работа и која секогаш има простор за подобрување.
Институциите веќе ги започнаа подготовките за билатералниот скрининг, за поглавјата и областите од првиот Кластер „Темели“, кој ќе се одвива во ноември и декември, со цел најдобро да ја презентираме нашата подготвеност за членство во Европската Унија.