📌На полето на борбата против организираниот криминал, Северна Македонија на оперативно ниво учествува во голем број заеднички активности со земјите-членки на ЕУ и соседните земји.
📌Имаме на располагање широк спектар на стратешки документи, кои се засноваат на релевантни стратегии на ЕУ во повеќе области.
📌Во делот на борбата против тероризмот, донесен е Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам – со цел усогласување со 5 Директива за АМЛ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари или финансирање тероризам (2018 г. /843) и ревидираните препораки на Работната група за финансиска акција.
📌Заедничкиот акционен план за борба против тероризмот за Западен Балкан меѓу Европската комисија и органите на Република Северна Македонија, како рамка за заедничко дејствување во борбата против тероризмот, континуирано се спроведува.
📌Владата ја усвои Националната проценка на ризикот во март 2020 година во однос на перење пари и финансирање тероризам.
📌Усвоен е Национален план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратниците борци и членови на нивните семејства со учество на повеќе државни институции и општествени чинители со цел да се имплементираат утврдените приоритети во спречувањето на насилен екстремизам и радикализација.