Денеска министерот за локална самоуправа и претседател, Горан Милевски ја посети општина Македонски Брод, каде што со градоначалникот Жарко Ристески, дел од вработените и советниците на локалната самоуправа извршија увид на проектите одобрени од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.
👉🏻Каналот Песјак за атмосферска и фекална канализација и каналот Лоштица за атмосферска канализација ги решија децениските проблеми со кои се соочуваа жителите, се заокружи колекторскиот систем, се заштити земјоделското земјиште и животната средина како и имотот на граѓаните од надојдените води.
👉🏻село Суводол е едно од четирите села каде комплетно се модернизираат линиските улици кои од земјени ќе бидат поплочени со павер елементи.
Милевски беше во посета и на општинската организација на ЛДП Македонски Брод, каде заедно со претседателот Бране Јованоски и дел од членството разговараа за проблемите со кои се соочуваат жителите.
ЛДП и понатаму ќе помага и ќе биде во интерес на граѓаните на Македонски Брод.