МТЕЛ го надополнува своето мобилно портфолио со нова mSTART HELLO припејд СИМ картичка која е со важност од 3 месеци а на корисниците им овозможува неограничени разговори кон сите мрежи, 5GB мобилен интернет и 1000 минути кон МТЕЛ зона секој месец, по фиксна цена од 700 денари. Со воведувањето на оваа припејд SIM-картичка, МТЕЛ како телекомуникациски оператор уште еднаш ја покажува својата посветеност кон подобрување на услугите на македонскиот пазар, нудејќи продукт кој е прилагоден на потребите на современиот корисник. Оваа нова понуда не само што ја поедноставува комуникацијата, туку и поставува нови стандарди во припејд услугите, со што МТЕЛ продолжува да обезбедува иновативни, пристапни и сигурни решенија за своите корисници.
За повеќе информации, посетете ги продажните салони на МТЕЛ или веб-страницата www.mtel.mk или јавете се на телефонскиот број 15010.