Претрес во Виница, пронајдена дрога, приведено едно лице
На 02.10.2022 во 13.20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода З.Г.(28) од Виница.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Кривична пријава за измама и фалсификување пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(37) од Велес, за сторено кривично дело ,,измама” од чл.247 ст.1 и кривично дело ,,фалсификување пари” од чл.268 ст.1 од КЗ. Пријавениот во текот на месец март 2021 година, откако прибавил 12 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, ги употребил во два наврати, пуштајќи ги во промет при купување на мобилни телефони, со што измамил двајца сопственици на мобилни телефони, кои што ги огласиле за продажба своите телефони, а на кои М.И. им платил со фалсификуваните банкноти.
Приведен крадец во Тетово
На 02.10.2022 во 22.55 часот пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот тетовец С.С., кој пред тоа извршил кражба во тобако на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.