➡️Дел од опремата може да биде намената и за територијалните противпожарни бригади, полицијата, армијата, со оглед на тоа што донацијата содржи и во големи количини противпожарна опрема, огноотпорни чизми, панталони и ракавици.
➡️Драго ми е што моето залагање за опремување на шумските полицајци кое го започнав уште во време на мојот прв мандат сега го гледам целосно реализиран. Да не заборавиме дека шумските полицајци работат тешка и одговорна задача, и често нивните животи се во опасност, со оваа донација, согласно европските, меѓународни стандарди безбедноста и здравјето на вработените ќе бидат заштитени.
🙏Упатувам голема благодарност до Ambasciata d’Italia in Skopje, Н.Е Амбасадорот Андреа Силвестри и Војниот Атеше за одбрана на Италија, г-дин Стефано Анџиони за огромната количина донација и успешна реализација. #МЗШВ и понатаму ќе се грижи за континуирано подобрување на условите за работа на Шумската полиција, и за нивно непречено извршување на задачите. 🇲🇰🇮🇹