Преку потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу здруженијата на тиквешките семејни винарии и производителите и извозници на вино Вина од Македонија, се унапредува меѓусебната поддршка и соработка, и се дава поддршка во градење препознатливост на вината од малите семејни винарии со цел влез во светските вински листи.
Токму оваа соработка ме прави горд, гледајќи како заживува идејата за малите семејни винарии и како нашето убаво македонско вино уште поорганизирано ги освојува светските пазари. На вчерашната владина седница усвоивме и нов проект, Национален саемски фестивал за храна и пијалоци, “Вкусот на традицијата” преку кој уште повеќе ќе ги афирмираме и промовираме малите и семејни производители на храна и пијалоци.
🙏Упатувам благодарност и до двете страни, а мојата поддршка и на министерството секогаш ќе ја имате кога се работи за вакви успешни соработки.