🍇По повод Светскиот ден на Вранецот во организација на “Здружението Вина Македонија” по четврти пат се обединија македонските и регионалните производители на Вранец, како и винските експерти и ентузијасти од целиот свет,со цел меѓународна промоција и препознатливост на овие вина.
🟣Околу 11.000 хектари од вкупно 24.000 хектари под лозови насади припаѓаат на сортата Вранец, најпрепознатлива македонска сорта на вино.
🟣Како министерство даваме силна поддршка на ваквите манифестации, токму затоа и оваа година со финансиска поддршка од 730.000 денари финансиски го помагаме организирањето на овој значаен настан.
🟣Лозарството и винарството се стратешки гранки на кои особено посветуваме внимание. Успеавме да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони годишно.
🟣Го зголемивме бројот на регистрирани винарски визби за 55% преку измените во Законот за вино.
🟣Раст бележиме и кај малите семејни винарии чиј број денес изнесува повеќе од 70, со капацитет до 50.000 литри.
🟣Бележиме континуиран раст и во извозот на флаширано вино скоро 69 милиони литри минатата година.
🟣Преку програмата за рурален развој ја зголемивме и поддршката за саемско претставување на македонското вино кое изнесува 1 милион евра.
👏Честитки за прекрасниот настан, нека продолжи да вирее оваа автохтона сорта со единствен вкус и карактер кои се синоним за Балканот.