Посетителите можат да видат богата понуда на најсовремена земјоделска механизација и алати, семенски и саден матријал, храна и земјоделски производи како и богата понуда на вештачки ѓубрива и производи за заштита на растенијата…
Голема е посетеноста и заинтересираноста помеѓу компаниите кои овде склучуваат нови бизнис договори и партнерства.
Ова е уште една можност за меѓусебна размена на мислења и продлабочување на соработката помеѓу државите.
👏Упатувам честитки за одличната организација на јубилејното 20-то издание на #Интерагро.Да се одржи континуитет од 20 години во услови на многу предизвици и немирни времиња, е навистина голем успех.