Со вкусот на македонските традиционални прозводи, претставено од 13 компании и наши познати брендови, го отвараме јубилејното 20 годишно саемско издание на #Интерагро2022.
🙏Со големо задоволство присуствувам на 20 годишниот јубилеј на еден од најзначајните саеми за земјоделство во регионот, Меѓународниот саем за земјоделство лов, риболов, и екологија #Интерагро во Бјељина, Република Српска.
🇲🇰Оваа година Северна Македонија за прв пат од формирањето на Саемот е земја партнер на #Интерагро2022, што е уште една потврда за пријателските односи помеѓу нашите две земји. На овој јубилеен саем ќе се претстават 13 македонски компании поддржани од #МЗШВ, кои ќе бидат во друштво со над 300 излагачи од сите земји во регионот.
🥫На површина од 130 метри квадратни ќе бидат презентирани македонското вино, ајвар, лутеница, но и чоколадна алва и македонски путер од кикирики. Ваквите саеми, освен промоцијата на македонските производи, како главна цел ги имаат новите бизнис партнерства и можности, меѓународната соработка, но и едукација, размена на искуства и знаења.
🤝Во ова време на светска криза соработката, взаемната помош, новите пријателства преку вакви манифестации и саеми ќе ни помогнат заедно, сплотени да ја надминеме оваа криза и да обезбедиме доволно храна за сите.