Како дел од младата генерација на политичари силно верувам дека политиките се креираат преку науката, и затоа како министерство блиску соработуваме со Факултетот за ветеринарна медицина.
Безбедноста и квалитетот на земјоделските производи е наш врвен приоритет, но и примарен критериум за пласман на македонските производи во земјите на #ЕУ. Во таа насока соработката со факултетите ја интензивираме, ги зголемуваме истражувачките капацитети во областа на квалитетот на храната и ги отвараме патиштата на нашата земја кон Европското семејство.🇪🇺