Со задоволство присуствувам на 18-тото традиционално издание на манифестацијата “Денови на македонскиот мед” во организација на најстарото и најбројно Пчеларско Здружение „Матица“ Скопје .
30 производители на мед од целата држава ќе го претстават својот производ, својот македонски мед подготвен од вредните раце на пчеларите.
Како министерство силно се залагаме и даваме поддршка токму на ваквите манифестации за промоција на македонските производи.
🟠Оваа година финансиски поддржавме 47 манифестации во вкупна вредност од 4 милиони евра.
🟠Со воведувањето на законската рамка за продажба од куќен праг пчеларите се стекнаа со можност на легален начин да го продаваат медот и пчелните производи.
🟠Поддршка даваме и за органски мед, како и за оние пчелари чии кошници се поставени во подрачја со ограничени можности.
🟠Исплатени се 210 милиони денари субвенции кон 5.877 пчелари.
✅Продолжуваме да креираме успешни политики и мерки кои го стимулираат зголемувањето на интересот за пчеларството како една од од најзастапените сточарски гранки во нашата држава.🐝