👨🌾Во посета сум на Муса Алиоски од село Канатларци прилепско. Муса е посветен, вреден земјоделц, производител на сончоглед и пченица. Лично од него ги слушнав придобивките од мерката за поддршка при набавка на вештачко ѓубриво, и наидов на голема мотивираност и посветеност.
Го информирав дека една од новите мерки во Програмата со која се надоврзуваме на досегашната поддршка е ➡️мерката за финансиска поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за производство на пченица и јачмен во износ од 3.000 денари по хектар.
🔛Дополнително обезбедуваме и поддршка од 5.760 денари по хектар за остварен зголемен принос. Стабилното и зголемено домашно производство на стартешките житни култури е наша цел на која заеднички работиме.
🤝Му посакувам на Муса и на сите земјоделци ниви плодни жито, и успешна есенска сеидба.