18.8 C
Скопје
05/05/2025 19:54
МАКТЕЛ

     

Oдбележување 5 Мај – Денот на македонскиот јазик: Јазикот е нашата татковина, ако го зачуваме, тој ќе не зачува нас!

      

 

Со пригоден настан во Собранието, Комисијата за култура и туризам го одбележа 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, а по повод јубилејот 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик. Настанот го отворија и се обратија Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам и Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а модераторка беше Велика Стојкова-Серафимовска, членка на Комисијата за култура и туризам. Имери-Стафаи потсети дека Комисијата за култура и туризам годинава ја усвои Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2025 година, што го вклучува и одбележувањето на денешниот 5 Мај. Таа во својот говор истакна дека јазикот не е само средство за комуникација – тој е основата на нашиот идентитет и дел од нашата личнот. Прославата на ваков јубилеј како денешниот, не е само прослава на граматика или правописни правила – тоа е прослава на една цела култура.

   

Потпретседателот Милошоски го окарактеризира кодифицирањето на македонскиот јазик како круна на сите обиди на народот да го зачува јазикот кој го користел со векови и да му даде форма. Потребни се институции, книги, закони, инспекторати, но бадијала е сѐ ако нема борци за јазикот, а тоа се говорителите. Наречјата се богатството, фолклорот, мозаикот на македонскиот јазик и треба да се зачуваат. Ако јазикот е нашата татковина, татковината на јазикот е во нашите семејства – заклучи Милошоски. Модераторката Стојкова-Серафимовска се заблагодари за присуството на гостите во во одбележувањето на денешниот јубилеј во законодавниот дом, преку искажување љубов и почит кон јазикот како средство за пренесување на културата, меморијата, традицијата. Тематски обраќања по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик имаа пратениците: Иванка Василевска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, членки на Комисијата за култура и туризам и универзитетски професорки и Бобан Карапејовски, заменик-член на Комисијата за култура и туризам и доцент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет.

Василевска се наврати на историските датуми за македонскиот јазик. На 5 мај 1945 година е објавена и озваничена македонската азбука со Решение за македонската азбука. Кодификацијата на македонскиот јазик е направена со Одлука на АСНОМ на 2 август 1944 година. Со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а на 7 јуни истата година е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Македонскиот јазик осум децении е рамноправен јазик во Обединетите нации и се изучува на повеќе од 30 универзитети ширум светот – потенцира Василевска. Од словенскиот јазик, преку Охридската книжевна школа, Зографски, Мисирков, Конески, до ден денеска, македонскиот јазик влече милениумски континуитет. Во историјата на човештвото 80 години се миг, но добивањето на целосната светлина за една нација, преку мудроста, која се пренесува преку писмото, заокружувајќи една етапа пред 80 години, ги прави овие осум децении за македонскиот народ, еден цел универзум – рече Карапејовски. Костадиновска-Стојчевска се осврна на значењето на минатогодишното носење на Законот за употреба на македонскиот јазик, како пример за изработка на еден правен акт, коj донесе многу придобивки, ги прецизира и проширува сферите на употреба. затоа што македонскиот јазик не е загрозена категорија, туку е жив, тој е наша посебност, обележје, татковина.

За младите и употребата на македонскиот јазик зборуваа Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“; Валентина Николовска, наставничка по македонски јазик во ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар и Јулијана Величковска, писателка, поетеса, организаторка на „Поетска ноќ во Велестово“ и „Скопски поетски фестивал“. Деканот Мартиновски истакна дека пред осум децении многувековниот сон на македонскиот народ е остварен, токму со учество на младите, a иднината на секој јазик е тесно поврзана со младите говорители. Како што вели Блаже Конески, чие име го носи Филолошкиот факултет три децении, „нашиот јазик се кове најмногу во ковачницата на преведувањето“, а македонскиот јазик има капацитет за на него да се преведат најголемите светски дела. Наставничката Николовска оддаде признание за сите просветни работници кои ја пренесуваат љубовта кон македонскиот јазик на идните генерации. Како симбол на нашата култура и национален идентитет, македонскиот јазик треба да се негува и збогатува, посебно на маргините на дигиталниот свет, кога во трката по новото се заборава нашето, и тие нови форми не се само игра на зборови, туку нов начин на изразување кој го потиснува стандардниот македонски јазик, а јазикот не умира одеднаш, туку полека избледува. Да покажеме дека модерното и традиционалното може да одат заедно, да се врати македонскиот јазик во срцата на младите во полн сјај. Ако младите го зачуваат, тој ќе не зачува нас – порача гостиварската наставничка.

Поетесата Величковска, и самата како дел од младите, истакна дека во денешниот модерен свет, кога сè е во постојан тек, во премин, во пресоздавање, кога границите се бришат, а јазиците се сè поизложени на влијанија и трансформации, потребата суштински да се зачува македонскиот јазик, станува прашање од идентитетска важност. Затоа, треба да ни е јасно дека грижата за мајчиниот јазик е една бескрајна битка. Јазикот не е само средство за комуникација, туку и начин за толкување на чувствата, на доживувањата. Тоа е јазикот на кој сакаме, протестираме, се радуваме, сонуваме, тагуваме. Младите имаат и љубов и желба и волја да создаваат на македонски, но треба да им се обезбеди институционална, културна и политичка поддршка. Затоа, преку зборовите на Мисирков, да се запрашаме: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“.  На овој 5 мај, учесниците посакаа уште многу јубилеи на македонскиот јазик да се прослават во храмот на демократијата.

  

Најново

Средба Костадиновски-Челик: Привршуваат подготовките за проектот за дигитализација на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Средба помеѓу државниот секретар во МВР и заменик амбасадор на Француската Република

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за необјавена поетска збирка „Антево перо“ 2025

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово: СОУ Гимназија “Гоце Делчев” го одбележа патрониот празник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека не се секира за Аеродром, реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица поради разбојништво во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Консултативна дебата на Собранието и УНИЦЕФ: Потребно е постојано унапредување на агендата за правата на децата

Sase Ivanovski

Комесарот ја држел вратата, а претседателот на ФК „Слога“ тепал фудбалер на ФК „Карбинци“

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното убиство во Шуто Оризари, поднесена кривична пријава против две лицa

Sase Ivanovski

Вучиќ наместо дипломатска служба за време на посетата на САД користел неформални канали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нов закон за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ниту една фирма не сакала да оценува позитивни и негативни вести во медиумите

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Хутите истрелаа ракета на аеродромот Бен Гурион во Израел

Sase Ivanovski

Орбан тврди дека Трамп ѝ предложил на Унгарија да ја напушти Европската Унија

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа во Куманово – шестмина повредени, меѓу нив и дете

Sase Ivanovski

Зеленски: За Украина во ЕУ треба да одлучува Европа, а не индивидуален манипулатор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕК: Пакет од 500 милиони евра за привлекување научници во Европа

Sase Ivanovski

Фицо заплива во Дунав по шпекулациите за неговото здравје

Sase Ivanovski

Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

Љутков: Грижата за македонскиот јазик e чин на современ патриотизам

Sase Ivanovski

Потенцијални кандидати за локалните избори – албанските партии ги започнаа калкулациите со имиња

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Путин: Западот се обидува да не испровоцира да употребиме нуклеарно оружје против Украина

Sase Ivanovski

Се тепале соседи во Берово, едниот сакал да го прегази другиот со кола

Sase Ivanovski

Две лица уапсени за експлозијата на 26 април во иранско пристаниште

Sase Ivanovski

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

Sase Ivanovski

Хамас го обвини Израел дека хуманитарната помош ја користи за „политичка уцена“

Sase Ivanovski

Телма: Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski

Алијанса ниту е такси за превоз, ниту е чамец за спасување – реакција на Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Тотална негрижа, ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари

Sase Ivanovski

Во Скопје се уапсени тројца студенти од Турција, ограбиле таксист

Sase Ivanovski

Скопската „гротескотопија”

Sase Ivanovski

Денко Малески: Кажи само па ќе те обесат на плоштад!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Sase Ivanovski

Многу ја чинат државата – колку заработуваат германските пратеници?

Sase Ivanovski

Граната од Прва светска војна пронајдена во нива во Новаци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Нови Сад: Маж уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од несреќата

Sase Ivanovski

Улицата „Алексо Демниевски“ во Диво Маало добива 13 новоасфалтирани краци

Sase Ivanovski

Средбата на Путин со Трамп е неопходна, вели Кремљ

Sase Ivanovski

Мицкоски: поради локалните избори во јуни ќе има ребаланс на Буџетот.

Sase Ivanovski

Трамп планира рекорден буџет од трилион долари за одбраната

Sase Ivanovski

Руски шпиони присуствувале на настан за брегзит во британскиот парламент

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во својот дом во Аеродром

Sase Ivanovski

Над 200 тони јагнешко ќе се увезат во Бугарија за Ѓурѓовден

Sase Ivanovski

Малолетничка била нападната и ограбена од врснички во Аеродром

Sase Ivanovski

Скопјанка се породила дома, новороденчето починало

Sase Ivanovski

Две жени се пресметале во Драчево

Sase Ivanovski

Мицкоски му се јавил на Ердоган и го средил проблемот што го имале пациентите од Кочани при полетување од Истанбул

Sase Ivanovski

Сакаме квалитетен мед, а пчелите се трујат со токсични метали!

Sase Ivanovski

Општина Гази Баба ќе субвенционира набавка и монтажа на сончеви колектори во домаќинствата

Sase Ivanovski

(ФОТО) Дина Јашари со нов сингл „Градот“ – интимна ода за Скопје

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска во работна посета на Турција

Sase Ivanovski

Герасимовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, да го негуваме, развиваме и пренесуваме за идните генерации

Sase Ivanovski

СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова на Денот на македонскиот стандарден јазик и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Клековски: Зголемени плати и зголемени капитации за примарното здравство, Буџетот за здравство зголемен за 7 милијарди денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој и можности со цел зголемување на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

Златко Крамариќ на „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“, Промоција на „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“

Sase Ivanovski

СЗДМ: Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, во Северна Македонија, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?

Sase Ivanovski

Музејот Ефес фрла светлина на историја долга 3500 години

Sase Ivanovski

Трамп за потенцијален трет мандат: Не знам дали е уставно или не

Sase Ivanovski

Мал авион се урна во близина на Лос Анџелес: Едно лице загина, две куќи се оштетени

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

Зеленски: Примирје со Русија е можно во секое време

Sase Ivanovski

KOД 2025 – Случај Татјана Димитровска ДКСК, врските со ТЕЦ Неготино

Sase Ivanovski

Ќе успее ли мисијата на Рамсар да го спаси Преспанското Езеро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Врвни совети за маслиново дрво за бесмртност

Sase Ivanovski

„ЌЕ ИМАМЕ ЕДНА МИНИ ПРЕРАСПРЕДЕЛБА“: министерката за финансии за пренасочувањето на пари од буџетот

Sase Ivanovski

Затворени гласачките места на претседателски избори во Романија, Симион води со речиси една третина од освоените гласови

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ ЈА ОБВИНУВА МОСКВА ЗА ДВОЈНА ИГРА – Русија бара мир на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Sase Ivanovski

Нетанјаху најави остар одговор по нападот на Хутите врз главниот аеродром во Израел

Sase Ivanovski

НЕ ЈА ИСКЛУЧУВАМ УПОТРЕБАТА НА ВОЕНА СИЛА: Трамп не се откажува од идејата да го преземе Гренланд

Sase Ivanovski

Свадбена поворка направи хаос во Холандија: Ги блокирале улиците, поминале на црвено светло и возеле во спротивна насока

Sase Ivanovski

Како вештачката интелигенција може да го ви го олесни животот?

Sase Ivanovski
Вчитувам....