Само неколку дена по неговото деби во германските салони, новиот Opel Frontera веќе покажува зошто е вистински мултифункционален SUV – со издржлив дизајн, голема практичност и одлична вредност за парите. Сега, Frontera станува и совршен партнер за кампување, благодарение на новиот кaровен шатор Thule Foothill, достапен преку официјалната Opel продавница за додатоци. Со овој додаток, љубителите на природа ќе можат да патуваат без грижа за сместување – каде и да посакаат. Комфор за двајца – под отворено небо
„Opel Frontera е симбол на автомобилска слобода за секого,“ вели Патрик Дингер, директор на Opel Германија. „Новото решение со кровен шатор ја проширува неговата практичност и го прави идеален за кратки патувања, фестивали и викенд бегства.“
Thule Foothill шаторот е:
✔️ Компактен – во склопена состојба е широк само 61 cm, што овозможува простор на кровот и за други спортски реквизити како велосипеди или кајак
✔️ Простран – со површина за спиење од 2,13 x 1,19 m, совршен за две лица
✔️ Практичен – едноставно монтирање со телескопски шипки и пристап преку скала
✔️ Издржлив – изработен од водоотпорен и дишечки материјал, кој овозможува удобност и во влажни услови
Opel Frontera е долг 4,38 метри, со статички кровен товар до 240 кг, идеален за поставување кровен шатор, Багажниот капацитет достигнува до 1.600 литри, доволен за целата опрема за кампирање или фестивал, Шаторот се издигнува само 24 cm над носачите во склопена состојба – минимално влијание врз аеродинамиката Цена и достапност
Thule Foothill кровен шатор: 2.446,52 евра
Алуминиумски носачи за кровот: 298,12 евра
(сите цени се препорачани, со вклучен ДДВ, важат за Германија)
Opel Frontera со кровен шатор не е само автомобил – тоа е бегство од секојдневието, подготвено за секое авантуристичко срце. Со лесно полнење, паметни решенија како Intelli-Seats, и опции за до седум патници, ова е автомобил што ги следи вашите соништа.