20.8 C
Скопје
24/06/2025 06:52
МАКТЕЛ

   

ОРБАН СЕ ИЗРАДУВА НА ПОБЕДАТА НА РАДИКАЛНАТА ДЕСНИЦА ВО ИТАЛИЈА, ФОН ДЕР ЛЕЈЕН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЕУ ЌЕ ЈА КАЗНИ ИТАЛИЈА АКО ЗАБЕГА ПРЕМНОГУ ДЕСНО

      

Изборната победа на Џорџа Мелони во Италија не е големо изненадување. Веќе една година десноекстремната политичарка води во анкетите. Таа беше единствената опозиција на владата на национално единство, која ја состави поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, како непартиски премиер, за да ја води Италија низ корона кризата.

   

Драги предвремено се откажа. Така на Мелони ѝ дојде како нарачана шансата со предвремените парламентарни избори и таа ја искористи. 45-годишната политичарка беше во состојба да се претстави како анти-естаблишмент. Со едноставни популистички пароли како „Први на ред Италијанците” таа ги убеди гласачите на кои им беше смачено од левите и либерални партии. Политикологот Лоренцо Де Сио од Универзитетот Луиз во Рим за ДВ вели дека Италијанците се „уморни од политика” по кризите и три владини коалиции кои се променија во изминатите четири години од последните парламентарни избори. Тоа се покажа и во историски најниската излезност од 65 проценти. Десет проценти помалку од 2018.

Мелони со чист имиџ

Постфашистичкото минато на Мелони и нејзината партија во Италија за разлика од остатокот на Европа, игра споредна улога. Категориите десноекстремна или деснорадикална кои се користат во Германија, во Италија не би ја доловиле политичката реалност, смета Луц Клинкхамер, експерт за италијанска современа историја на Германскиот институт во Рим: „Мелони е конзервативен политичар со постфашистичко минато”, вели тој.

Случајни минувачи кои беа прашани од ДВ по изборите, велат дека не очекуваат десноекстремна револуција во Италија, туку помали, можеби и болни промени во семејната политика, правата за хомосексуалните и абортусите.

Многу потешко ќе биде за мигрантите кои годинава повторно беа побројни на италијанското крајбрежје. Џорџа Мелони и нејзиниот очекуван министер за внатрешни работи Матео Салвини сакаат комплетен стоп на приемот на бегалци. Само „вистински” воени бегалци од Украина ќе имаат шанса за помош. Салвини веројатно повторно ќе ги затвори пристаништата и ќе се замери со ЕУ околу нејзините обиди за заедничка бегалска политика. Тоа го правеше и за време на првиот мандат како министер за внатрешни работи од 2018 до 2019 година.

На Италија ѝ се потребни европски пари

Италијанците, според анкетите, од новата влада очекуваат намалување на високата стапка на инфлација, достижни цени на енергенсите и смалени даноци. Конкретните рецепти за тоа партиите во предизборната кампања само ги навестија.

Во однос на зголемување на задолжувањето Џорџа Мелони има критички став со оглед на рецесијата која се заканува. Таа веќе сега изнесува 150% од годишниот БДП. Ако трошоците за долговите и натаму растат, Италија би можела да западне во вистинска финансиска криза. Таа би имала тешки последици за ЕУ, бидејќи Италија е третата најголема економија во еврозоната и тешко дека би можела да биде „спасена” како Грција пред десет години.

Десните коалициски партнери се сложни дека додатоците и евтините кредити од Фондот за обнова по короната финансиран од ЕУ треба и понатаму да течат. 200 милијарди евра ѝ следуваат на Италија – пари кои итно ѝ се потребни на Мелони. Според Клинкхамер, новата влада прво заради тоа нема да сака да оди на курс на конфронтација со ЕУ и донаторите.

Италија во прегратка со Унгарија и Полска?

Џорџа Мелони која само пред неколку години ја спореди ЕУ со Советскиот Сојуз, посочувајќи дека сакала да ја пороби Италија, сега зборува со поинаков тон. За време на предизборната кампања таа вети дека секако ќе се придржува до европските регулативи и ќе соработува со Европската Комисија. Но таа во своите предизборни говори вети дека подобро ќе ги брани и спроведува италијанските интереси во Брисел. Што точно тоа значи, е нејасно.

Поддршка за „Браќата на Италија“ пристига од европските браќа по дух – најмногу се радуваат унгарскиот премиер Виктор Орбан и полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Со Италија сега конечно имаат силен сојузник со кој може да го туркаат својот концепт на полабав сојуз на илиберални нации во ЕУ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц (социјалдемократ) и францускиот претседател Емануел Макрон (либерал) комотно може да ја стават ад-акта подлабоката интеграција, на пример во однос на мнозинските одлуки за надворешнополитички прашања. Претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, претпазиливо посочи дека постојат „инструменти“ со кои може да се дисциплинира Италија доколку скршне од патот усогласен со ЕУ.

„Не знаеме што точно ќе прави Мелони. Таа само рече дека игрите се завршени. Тешко е да се процени,“ вели Андреа Карло, аналитичар во Германскиот историски институт во Рим.

Нема промени во политиката кон Русија

Аналитичарите сметаат дека нема да има промена на курсот во однос на моемнтално најважното надворешнополитичко прашање – Џорџа Мелони јавно ја осуди руската војна во Украина и ги поддржа санкциите против Русија, како и помошта за Украина. Губитникот на изборите, социјалдемократот Енрико Лета, смета дека нејзините можни коалициски партнери немаат ваков јасен став по ова прашање. „Ако победи десницата, рускиот претседател Путин ќе биде првиот што ќе слави“, изјави Лета за време на предизборната кампања. „Десницата не е едногласна по ова прашање. Тоа е многу негативно за Италија и ќе ја ослаби и Европа.“

Точно е дека шефот на Лега, Матео Салвини и Силвио Берлускони од Форца Италија во минатото одржуваа добри врски со Владимир Путин, но по почетокот на војната помалку или повеќе тие се дистанцираа од него.

„Добивме мандат и подготвени сме“ – е мотото за составување на новата владина коалиција на чие чело мошне веројатно ќе биде Џорџа Мелони, во тој случај првата жена премиер во Италија. За надворешнополитичкиот курс и многу внатрешно политички и економски прашања секогаш може да се расправа и подоцна, пишуваат коментаторите во италијанските медиуми. А кавга со сигурност ќе има, бидејќи и Салвини и Берлускони секако ќе се пазарат за влез во коалицијата.

Ова нема да биде првата десничарска влада во Италија. Таков сојуз веќе постоеше во 2001 и 2008 предводен од Берлускони. Но, сега ќе биде поекстремен, бидејќи на чело не е „учителот“ Берлускони, туку неговиот ученик Мелони. Берлускони ја донесе Мелони во својот кабинет во 2008 година како најмлада министерка и го величаше нејзиниот политички талент. Тој пак сега е само пратеник во Сенатот и веројатно нема да му биде дозволено да преземе ниту некое министерско место.

Сигурно ќе има следна владина криза

Џорџа Мелони веројатно нема да има многу време за да ја спроведе десно-популистичката програма по урнекот на нејзиниот идол Доналд Трамп. Во просек, мандатот на италијанските влади во доста нестабилниот политички систем на Италија трае меѓу 15 и 18 месеци. Исфрустрираното гласачко тело нема проблем со радикална промена доколку не им се допаѓа претходниот избор. Пред четири години популистите од левицата, „Движењето 5 ѕвезди“ победија на изборите со подобар резултат од сегашниот на Мелони. Денес ова движење е речиси „прегорено“ и без влијание. И десниот популист Салвини со неговата Лега претрпе огромни загуби. Неговиот удел во гласовите е преполовен во однос на 2018 година. На Италија и Европа им претстојат политички интересни, а можеби и турбулентни времиња.

Бернд Ригерт
извор: ДВ
Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија

   

Најново

Патот до среќата: Кејти Бајрон вели дека стресот е аларм, а љубовта е живот

Sase Ivanovski

„ВТОРИОТ ДЕН ОД НАПАДОТ, ВО БОРБАТА ЗА АРАЧИНОВО БЕВ ТЕШКО РАНЕТ“: Ангелов се потсети на битката

Sase Ivanovski

Експертите откриваат: Ова овошје ќе ви помогне да заспиете без проблеми

Sase Ivanovski

На денешен ден – 24 јуни: Роден е рускиот писател Александар Николаевич Островски, чии дела се основа на рускиот класичен драмски репертоар

Sase Ivanovski

Кина го изгради најголемиот подводен автопат во светот за 110 дена

Sase Ivanovski

Колку треба да пешачите за да изгубите еден килограм сало?

Sase Ivanovski

Трамп: Договорено примирје меѓу Иран и Израел – Војната е завршена

Sase Ivanovski

Шпанија и Мароко го враќаат во игра историскиот проект: подводен тунел што ќе ги поврзе Европа и Африка

Sase Ivanovski

Вучиќ: Светот е во хаос

Sase Ivanovski

БЕНЗИНЦИ, ДИЗЕЛИ ИЛИ ЕЛЕКТРИЧНИ, КОИ ВОЗИЛА НАЈЧЕСТО СЕ РАСИПУВААТ? Голема студија, анализирани 30.000 автомобили – одговорот може да ве изненади

Sase Ivanovski

НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

Sase Ivanovski

Трамп: Време е за мир!

Sase Ivanovski

„Веќе вклучуваме во петта и шеста брзина“ најави Мицковски и вети инвестициски бум

Sase Ivanovski

Таравари: Бев 11 месеци дел од Владата, ВЛЕН од прекрасен проект се претвори во неуспешен обид

Sase Ivanovski

ПЕЈАЧКАТА ЕМИНА ЈАХОВИЌ: Научив по разводот, кога останав сама со две деца, многу повеќе да ги почитувам мажите, не е лесно да си маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНТЕРЕСНА СИМБОЛИКА: Авионите кои го бомбардираа Иран ги возеа жени пилотки на американската авијација

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Апсурд е СДС да говорат за економија, истите кои народот го оставија со 150 денари на ден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНДЕВ: Многу млади фудбалери одбиваат да играат за Македонија, менаџерите не им дозволуваат да не се повределе

Sase Ivanovski

СДСМ: Земјоделците никогаш не биле по понижени, а „Најлошото допрва доаѓа“

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски нема право да зборува за селективност, ја погази правдата и ја понижи Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Не можев да ја спречам трагедијата во Кочани, но можам да направам таква трагедија да не се повтори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РОУЗ ГАРДЕН МОМЕНТ ЗА МИЦКОСКИ, СДСМ ДА УЧИ ОД ВМРО КАКО СЕ ПРАВИ ЈАК ПР

Sase Ivanovski

ТРАМП: ГИ ПОВИКУВАМ ИЗРАЕЛ И ИРАН ДА ПРЕСТАНАТ СО НАПАДИТЕ ЕДНИ КОН ДРУГИ, ВРЕМЕ Е ЗА МИР НА БЛИСКИ ИСТОК

Sase Ivanovski

СДСМ: По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е понижена, задолжена и без перспектива

Sase Ivanovski

ТРАМП: Ги соборивме сите ракети на Иран кои беа упатени кон нашите бази, сакам да им се заблагодарам што не предупредија пред нападот да ги повлечеме нашите војници, тоа е знак дека не сакаат дополнителна ескалација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ НА ПРОМЕНИТЕ. ЗА ТВОЕТО ВРЕМЕ КОЕ ДОАЃА!

Sase Ivanovski

СДСМ: За една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: нула резултати, стотици празни лаги, народ гледа Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЛАДАТА НАПРАВИ ОТЧЕТ ЗА ЕДНА ГОДИНА РАБОТА ПРЕД ГРАЃАНИ СОБРАНИ ВО ДВОРОТ НА ВЛАДИНАТА ЗГРАДА НА ИЛИНДЕНСКА

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Започнува евидентирањето на кандидати за советници за локалните избори

Sase Ivanovski

Стојчевски: ДПМНЕ го зголеми трендот на иселување, млади луѓе ја напуштија Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Кога ќе прозбори Филипче, се шири мирисот на стариот режим на Заев

Sase Ivanovski

Трипуновски: Нулта толеранција за злоупотреба на европски пари во земјоделството

Sase Ivanovski

Трипуновски: До денеска, вклучувајќи ја последната исплата од над 340 милиони денари, исплатени се над 9 милијарди денари за заостанати и тековни обврски

Sase Ivanovski

Радеска: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, го деградира белиот мантил и пациентите

Sase Ivanovski

Трајковски: Наместо ветените 12%, наставниците добија само 5% СДСМ ги покачи платите за 53%

Sase Ivanovski

Трипуновски: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе помогнеме на домашната економија и македонските земјоделци

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Се сруши митот за економската способност на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Sase Ivanovski

Трпевски: Кандидатот на Филипче за градоначалник на Гази Баба е доказ дека сè уште не се реформирани, тој е само верна сенка на претходникот од СДС

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Државата тонеше – додека СДС крадеше, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е сигурен и стабилен партнер на граѓаните на Македонија

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска на CEF Форумот: Силни институции се клучот за успешни реформи- Македонија го презеде претседателството со Управниот одбор на CEF

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, зголемен економски раст, плати и пензии

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста е: сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах

Sase Ivanovski

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите ов Скопје

Sase Ivanovski

Скапотија на трпеза: Албанија ги надмина европските цени на храната

Sase Ivanovski

Жерновски: Македонија не оди кон Брисел – туку кон Будимпешта

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИ МЕДИУМИ: Дали Бугарија ги манипулирала податоците за инфлацијата за да влезе во еврозоната?

Sase Ivanovski

Вучиќ: Светот е во хаос, веќе не важат меѓународни правила

Sase Ivanovski

Мицкоски за трагедијата во Кочани: Обвинителството е на тест да докаже вистина, судот да спроведе правда

Sase Ivanovski

Бела куќа: Администрацијата на Трамп нема да возврати на нападот на Иран, сакаме деескалација

Sase Ivanovski

Меџити го напаѓа ДУИ: Шансите за вработување се отвораат за народот, не за „шерифите од Речица“

Sase Ivanovski

По шест дена, вториот блок на РЕК Битола повторно е вклучен во електродистрибутивната мрежа

Sase Ivanovski

Техеран незадоволен: Русија и Кина зборуваат, но не помагаат

Sase Ivanovski

Бела куќа: Администрацијата на Трамп ја очекуваше иранска одмазда

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: Иран го координираше нападот на базата и однапред го предупреди Катар

Sase Ivanovski

САД ги потврдија нападите врз американските бази, Трамп седна во кризната соба

Sase Ivanovski

Уапсен поранешниот градоначалник на хрватскиот остров Паг

Sase Ivanovski

Кривична пријава против осум лица од Струмица и кавадаречко, расчистено кривично дело „тешка кражба”

Sase Ivanovski

Ќоку: Законот за правична застапеност утре поминува на Влада и се очекува наскоро да дојде во парламентарна процедура

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Негорци прегази скопјанка во Дојран

Sase Ivanovski

СПАСЕНО КУЧЕ КОЕ БИЛО ЗАТВОРЕНО ВО АВТОМОБИЛ НА ЕКСТРЕМНИ ТЕМПЕРАТУРИ Лајка апелира институциите да го казнат злоставувачот

Sase Ivanovski

Американски официјални лица: Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар

Sase Ivanovski

Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана

Sase Ivanovski

Татко и двајца синови претепале маж во Батинци – Обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

ЅИНГО ЈУНИОР ВЛЕГУВА ВО ВИНСКИОТ БИЗНИС НА ГОЛЕМА ВРАТА: 7 ВИНА – 7 МЕДАЛИ, МОНТЕКО ГО ОСВОИ „DECANTER“ Светските експерти воодушевени од македонското вино

Sase Ivanovski

КРВАВО УТРО ВО ГАЗА, УБИЕНИ НАЈМАЛКУ 30 ПАЛЕСТИНЦИ Израелски напади без поштеда, телата меѓу кутии со хуманитарна помош

Sase Ivanovski

ИРАН ЈА ПОЧНА ОДМАЗДАТА КОН САД Нападната американската база во Доха, детонации има и во Ирак

Sase Ivanovski

ПУКОТНИЦИ ВО ЧАИР, ТАМУ НИКОГАШ НЕ Е ДОСАДНО Скопјанец пукал со пиштол во воздух по расправија

Sase Ivanovski

ИЈЗ со повик до фирмите да се почитуваат мерките за заштита на здравјето на работниците при високи температури

Sase Ivanovski

Хаос на музички фестивал во Франција: Избодени 145 жени со шприцеви полни со непознати супстанции

Sase Ivanovski

Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите

Sase Ivanovski

Спречен атентат врз Зеленски

Sase Ivanovski

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата

Sase Ivanovski

Извештајот на ЕП за Р.С Македонија нема меѓународно правно обврзувачки карактер изјавил за БТА министерот Георг Георгиев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: По 1945-та, комунистите направиле логор во Отешево каде држеле затворени над 1000 Бугарофили

Sase Ivanovski

Малолетник со камен по глава удирал сосед во скопско Батинци – пресметка заврши со тешки повреди

Sase Ivanovski
Вчитувам....