20.8 C
Скопје
21/05/2024 01:05
МАКТЕЛ

  

     

 

Oд 15. и 16. владина седница: Уште еден чекор кон унапредување на статусот на специјализантите – одлука, нивните права и обврски да се уредат со закон; Иницијатива за поедноставување на процедурата за престој на студенти по основ на Мобилност во рамки на Еразмус програмата, Одлука за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

      

Oд 15. и 16. владина седница: Уште еден чекор кон унапредување на статусот на специјализантите – одлука, нивните права и обврски да се уредат со закон; Иницијатива за поедноставување на процедурата за престој на студенти по основ на Мобилност во рамки на Еразмус програмата; Одлука за доставувaње Информација околу случајот со новинарот Фуркан Салиу, согласно барање на Советот на Европа; 24 април и 8 мај се определени за неработни денови за сите граѓани; Одлука за избор на универзален снабдувач на електрична енергија; Усвоена е Нацрт Реформската агенда 2024-2027 за Планот за раст – финални чекори до првата транша за развојот на Северна Македонија

   

На 15. седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани со договор на дело во универзитетската клиника во којашто ја извршуваат специјализацијата. Имајќи го предвид значењето за специјализантите, но и за граѓаните и за здравствениот систем на Република Северна Македонија, за целосно решавање на нивниот статус, Владата донесе одлука, согласно закон, а веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

 

Владата, во активна соработка со специјализантите, досега покажа огромна грижа за унапредувањето на нивниот статус и е одлучна да продолжи во оваа насока, кон решавање на сите прашања од нивен и јавен интерес, во функција на здравјето на граѓаните.Како што е констатирано на седницата, во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар, со оглед дека дотогаш, тие немаа финансиски надоместок за ангажманот, а ниту една влада претходно не покажа слух и капацитет да почне со решавање на нивниот работен статус. Во изминативе неколку години, значително се покачени платите на здравствените работници, подигнати се капацитетите во јавното здравство и е вратено достоинството на сите здравствени работници и соработници.

   

     

Владата, на предлог на претседателот на Владата, ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование, да достават информација во врска со ефикасно решавање на прашањето за престој на студенти кои по основ на Мобилност, согласно Еразмус програмата, имаат потреба да престојуваат во државава не повеќе од еден семестар.
Мобилноста, во рамки на образовниот процес, како што е констатирано, е усогласување со праксата на Европската Унија и како што е оценето, потребно е поедноставување на процедурите за краткорочен престој по овој основ, наспроти стандардните процедури за одобрување престој за повеќегодишно студирање.

Владата, на предлог на претседателот на Владата, го задолжи Министерството за внатрешни работи, да достави комплетна информација по однос на случувањата на настанот поврзан со новинарот Фуркан Салиу, согласно барањето од Советот на Европа за давање одговор околу овој случај.
На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.
Владата, согласно Законот за енергетика, ја донесе и Одлуката за избор на универзален снабдувач. За најповолна понуда за избор на универзален снабдувач, во соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје – носител и ЕВН Македонија АД Скопје – член на групата.

За носител на набавката е избран економскиот оператор којшто има понудено најнизок процент на бруто маржа во текот на електронската аукција, а чијашто понуда претходно е оценета како прифатлива. Критериумот за доделување на договорот за универзален снабдувач, притоа, е бруто понудената маржа за снабдување. Основата за пресметката на цената по којашто универзалниот снабдувач ќе ги снабдува малите потрошувачи и домаќинствата во којашто е вклучена и бруто маржа, е во согласност со Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 246/23), донесен од страна на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Секретаријатот за европски прашања за статусот на подготовка на Реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан и ја усвои усогласената верзија на Нацрт Реформската агенда. Задолжени се првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за финансии, да ја достават усогласената верзија на Нацрт Реформската агенда до Европската комисија.

Ажурираната Нацрт Реформска агенда се споделува со Европската комисија со цел усогласување на листата реформски приоритети и мерки, со конкретни рокови предложени од македонска страна, со Европската Унија. Усогласувањето на Нацрт реформската агенда меѓу Северна Македонија и Европската Унија ќе продолжи и во наредниот период и треба да се заврши најдоцна до 26 април 2024 година, а финалната верзија на Реформската агенда да се усвои најдоцна до средината на мај 2024. По утврдувањето на финалната верзија на Реформската агенда и усвојувањето од Европската комисија, како што е образложено од СЕП, ќе се отвори можноста за потпишување на договорите за инструментот за реформи и раст и за заем и со тоа поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7% од алокацијата за нашата држава.

Предвидена е исплата на средства од Планот за раст за Западен Балкан, два пати во годината. А, за Република Северна Македонија, приоритетите коишто беа договорени во Реформската агенда се однесуваат на приоритетните области: Управување / Реформа на јавна администрација и Управување со јавните финансии; Дигитална, Енергетска / Зелена транзиција; Човечки капитал; Деловно опкружување и Владеење на правото.

    

Најново

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Sase Ivanovski

Од почетокот на израелската операција во Рафа од територијата побегнале 800.000 луѓе

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Sase Ivanovski

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Sase Ivanovski

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Sase Ivanovski

Јавното мислење во С. Македонија во однос на војната во Украина е значајно поделено

Sase Ivanovski

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Sase Ivanovski

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Sase Ivanovski

ХЕРА:Перформансот за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“ утре на сцената во Куманово

Sase Ivanovski

Покана до медиуми

Sase Ivanovski

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Sase Ivanovski

Биле затекнати при тешка кражба, па го нападнале полицаецот

Sase Ivanovski

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Европската комисија повика Скопје и Атина да се придржуваат до Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пожарникари извлекувале човек паднат во река, испумпувале вода од дворови и подруми

Sase Ivanovski

Му пратиле дрога по пошта – Скопјанец приведен откако си ја зел пратката

Sase Ivanovski

Успешно одбележан денот на семејниот лекар

Sase Ivanovski

Автомобил удрил во велосипедист на Водно, со тешки повреди пренесен во болница

Sase Ivanovski

Бранко Тричковски: Масин и Сонтаг

Sase Ivanovski

Загрижувачки тренд – околу 7.000 научници си заминале од Македонија во последниве неколку години

Sase Ivanovski

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Спомен домот на Разловечкото востание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА НАЈАВИ КРЕИРАЊЕ НА НОВА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД СТРАНА НА ГОЛЕМИ БИЗНИСМЕНИ КОЈА ЌЕ БИДЕ ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

Sase Ivanovski

(БИДЕО) Обраќање на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ во Разловци

Sase Ivanovski

ШТИПЈАНЕЦ СО КОЛА ЈА РАЗБИЛ ОГРАДАТА И ПАДНАЛ ВРЗ ПОКРИВОТ НА КУЌА ДОДЕКА СПИЕЛЕ СТАНАРИТЕ

Sase Ivanovski

НЕ БИ ПРЕЈУДИЦИРАЛА ПОСЛЕДИЦИ, САД ГИ ОХРАБРУВААТ ЛИДЕРИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ГО ПОЧИТУВААТ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ВЕЛИ ЕЛИЗАБЕТ АЛЕН, ПОТСЕКРЕТАРКА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Sase Ivanovski

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Sase Ivanovski

ПОРТАЛОТ ЕКСПРЕС КОЈ Е БЛИЗОК ДО ВМРО ДПМНЕ ГО ОБЈАВИ СОСТАВОТ НА ИДНАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Sase Ivanovski

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Sase Ivanovski

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Sase Ivanovski

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ ДА НЕ ЈА ПРОДЛАБОЧУВА ХУМАНИТЕРНАТА КРИЗА Земјите од Г7, без САД, го предупредија Израел да ја запре офанзивата во Рафа

Sase Ivanovski

Проектот на зетот на Трамп за градење на еколошки бесценето место – ноќен кошмар за еколозите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Лекарите волонтери во Газа го опишуваат колапсот на здравствениот сектор во енклавата

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДНИОТ ПРЕЖИВЕАН МАКЕДОНСКИ ЕВРЕИН КОЈ СЕ СПАСИ ОД ТРЕБЛИНКА СЕ СРЕТНА СО МИЦКОВСКИ

Sase Ivanovski

„Златната копачка“ на Дарко Панчев во музејот на Црвена звезда

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Скандал пред третиот меч – тепачка меѓу кошаркари на Партизан и Црвена звезда

Sase Ivanovski

ЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЗЕСКИ: Како комора водевме тешка битка со СДСМ и ДУИ, донесоа едно 7 закони дирек против интересите на бизнисот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕТЕКТОР АНАЛИЗА Секој трет македонец сака да се исели од Македонија

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА СО ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Руската агресија ја поткопува европската глобална безбедност и стабилност

Sase Ivanovski

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЗЕСКИ: Ако јас дозволев во Александар Палас да се краде како во државава, од хотелот сега ќе останеа само голи цигли!

Sase Ivanovski

Врховен судија фатен со 10.000 евра поткуп

Sase Ivanovski

Кавадарчанецот кој синоќа му се закануваше на Јанчев, денес му се извинувал: Пијан бев, лошо пијанство имам!

Sase Ivanovski

Македонец кој живее во Шведска е уапсениот кој на Кацарска и рекол: Ќе одговарате!

Sase Ivanovski

Касами: Ахмети зборува за меѓуетнички тензии затоа што така договарал и постапувал во минатото

Sase Ivanovski

ФАЛА БОГУ, ОВА НАРОДОТ ГО БАРА 30 ГОДИНИ: Уапсен врховниот судија Наке Георгиев, фатен како зема мито!

Sase Ivanovski

МАТУРАНТКА НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Sase Ivanovski

Во недела ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Sase Ivanovski

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Sase Ivanovski

Петровска размислува да се кандидира за претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

СДК: УКРАИНСКИ ТРАНСПОРТЕН АВИОН СЕКОЈ ДЕН СЛЕТУВА ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА Е ПЕТТИ НАЈГОЛЕМ ДОНАТОР НА ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА СПОРЕД ПРОЦЕНТ НА БДП

Sase Ivanovski

Акција за мерење на крвен притисок и гликемија утре во Градски парк

Sase Ivanovski

Кој беше Ебрахим Раиси – ултраконзервативец и отворен поддржувач на моралната полиција

Sase Ivanovski

Мухамед Мокбар ќе го замени Раиси до изборите, тој е потпретседател 23 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасувачките екипи ги извлекоа телата на жртвите во хеликоптерската несреќа во Иран

Sase Ivanovski

Герапетритис: Договорот од Преспа е меѓународен, не се менува и ревидира еднострано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И Србите не се зафркаваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БРАКОТ ДЕНЕСКА ПОГЛЕДНАТ ОД ПЕРСПЕКТИВА НА МАЖИТЕ

Sase Ivanovski

БОШЊАКОВСКИ: Претседателе Пендаровски (Бети и Огнен) благодарност за довербата што ја имавте во мене

Sase Ivanovski

ШОКАНТНО: ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КРИВИЧЕН ГО ОПРАВДА НАПАДОТ НАД КАЦАРСКА, СИ ГО БАРАЛА?!?!

Sase Ivanovski

Иранската влада свика итна седница по смртта на претседателот Раиси

Sase Ivanovski

Ахмети: Таен договор Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата направен во „црвените подруми“, кој може да влијае врз меѓутеничките односи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОНЕЧНО СТИГНА ОДМАЗДАТА!

Sase Ivanovski

ДА НЕ ТИ СЕ ВЕРУВА НА ДЕНОТ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Први снимки од авионската несреќа во која загина иранскиот претседател: Се изгорело!

Sase Ivanovski

Приведен 35-годишен кавадарчанец: Во угостителски објект му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Sase Ivanovski

ВНИМАНИЕ ДО ЈАВНОСТА, НОВА ИЗМАМА Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕВОЈКА ВО ПОРТУГАЛИЈА СЛУЧАЈНО СНИМИ МЕТЕОР

Sase Ivanovski

ВО ПРИВАТНА ПОШТА ВО ТЕТОВО ИМА СТРОГИ ПРАВИЛА

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА 2024-ТА ВО ЕДНА СЛИКА

Sase Ivanovski

Кои се другите жртви што загинаа во хеликоптерската несреќа со Раиси

Sase Ivanovski

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

Sase Ivanovski

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерската несреќа

Sase Ivanovski

АПОКАЛИПТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГАЗА Се огласи шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации

Sase Ivanovski

УКРАИНА ПРЕФРЛА НОВИ РЕЗЕРВИ ВО ВОВЧАНСК Ќе се повтори ли Бахмут?

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Интер ја прослави титулата во Серија А со реми против Лацио

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руските напаѓачи го крадат имотот на цивилите во регионот Харков

Sase Ivanovski
Вчитувам....