Претставничката на Европската комисја за кохезија и реформи Елиса Фереира и министерката за регионален развој и ЕУ фондови, Наташа Трамишак на посебна седница од владата на Хрватска потпишале споразум за партнерство. Споразумот меѓу ЕК и Хрватска на Загреб ќе му овозможи користење на девет милијарди евра неповратни средства од европските фондови до 2027 година.
Хрватска во рамките на партнерство со ЕК деветте милијарди евра ќе ги искористи за заеднички политики во унапредувањетро на економијата, социјалната и територијалната кохезија во своите региони како и за зелените и дигитални транзиции. Се очекува тие вложувања да помогнат да се намалат разликите во регионалните економии, преку подобрувања на вештините на човечкиот потенцијал и поголем број на работни места. Со средствата од ЕУ-фондовите ќе се иницира развојот на конкурентна и иновативна хрватска економија која треба да биде извозно ориентирана.
Од деветте милијарди евра, 2,56 ќе бидат наменети за ублажување на последиците од климатските промени, 2,5 милијарди за отворање на работни места, 1,74 ќе се вложат во иновативна и паметна економија, а 1,34 милијарди евра за промет.
Премиерот Андреј Пленковиќ на почетокот од владината седница посочил дека споразумот тежок девет милијарди евра претставува 17 одсто од хрватскиот БДП и заедно со другите финансиски извори во наредните десет години на Хрватска ќе и обезбедат 25 милијарди за развој.