Кошаркарите на Партизан го совладаа МЗТ во Скопје со резултат 92:74, во второто коло од АБА лигата.
Црно-белите сега имаат скор 2-0, а тимот од Аеродром е на 0-2.
Сите дилеми околу победникот беа решени во првата четвртина која Партизан ја добија со 25:9. Во продолжение рутински си ја завршија работата.
Данте Ексум и Џејмс Нунели беа најефикасни кај победниците со по 17 поени. Џем Мадар постигна 12 поени.
Страхиња Миќовиќ со 18 поени го предводеше МЗТ. Кефи го следеше со 17.
Инаку, на овој меч како Партизан да беше домаќин, иако мечот се играше во Скопје. Имаше доста навивачи од Белград, но се чини дека наместо за МЗТ, половина Скопје навиваше за српскиот тим. Голем дел од домашните навивачи кои дојдоа во салата “Јане Сандански” даваа поддршка на Партизан, наместо за нашиот тим МЗТ Скопје.