Превенцијата е клучна. Клучно е сите оние кои се кријат зад удобноста на тастатурата да бидат свесни дека се одговорни за напишаното или кажаното.
Дискриминацијата не препознава етничка или религиска припадност, пол, род или сексуална ориентација.
Напротив, дискриминацијата еднакво боли и ја повредува секоја личност, го подрива нејзиниот интегритет и самодоверба и остава трајни последици врз човекот, неговите најблиски, но и врз општеството во целина.
Благодарност до Комисија за спречување и заштита од дискриминација и IDUEP Institute да бидам дел од иницијативата чијашто цел е да го деконтаминира дигиталниот простор од дискриминирачката реторика. Верувам дека со заеднички напори на сите релевантни чинители и обединување на искуствата можеме да придонесеме во оваа значајна борба.