27.8 C
Скопје
09/06/2025 10:51
МАКТЕЛ

   

ПОПОВСКИ: Жестината на одговорот на Ковачевски кон Ковачки беше неочекувана за јавноста, а по сѐ изгледа дека ги вчудоневиди и вмровските пратеници

      

Огнени кочии

   

Политиката не е секогаш угладеност и стоичко трпение на навредите. Еве еден од најспектакуларните обратни примери во најстарата демократија – Велика Британија. Познатата „тупаница на Прескот“
Џон Прескот беше заменик-премиер во првата влада на лабуристичкиот премиер Тони Блер. Таква функција во британските влади дотогаш немаше. Се знае дека втор човек во британската влада секогаш е министерот за финансии, тој живее на Даунинг стрит 11. Но Прескот беше особено важен човек за Блер по победата на изборите во 1997.

За јуни 2001 година беа закажи избори. На еден од изборните митинзи во мај Прескот во Велс беше погоден со јајце в лице од еден незадоволен земјоделец. Прескот не го издржа тоа стоички, како што оди наративот за политичарите, туку испрати едно силно лево кроше во десниот образ на незадоволниот човек. Потоа и двајцата паднаа на земја и се бореа удирајќи се меѓусебно пред да бидат раздвоени од полицијата и лабуристичките активисти.

Тоа изгледаше како невиден скандал, незабележан во британската политика, затоа што политичарот мора да истрпи сѐ. Но нискиот и набиен Џон Прескот не мислеше така. Тајмингот за боксот беше најлош – истиот ден беше објавен изборниот манифест на лабуристите. Во владата настана конфузија: дали оваа тупаница може да им ја одземе победата што изгледаше сосема сигурна. Комуникацискиот гуру на владата, Алистер Кемпбел, му рече на Прескот да се извини, но овој одби, тврдејќи дека удрил тупаница во самоодбрана. Блер, исто така, мислеше дека извинувањето ќе биде добра работа. Гордон Браун, министер за финансии (а подоцна и премиер), застана на страната на Џон Прескот.

Во лабуристичкиот штаб беа во трескавично исчекување на првите анкети за тупаницата на Прескот, кои стигнаа утредента. Повеќе изненадувачки, но јавноста имаше голема поддршка за боксерскиот одговор на Прескот, затоа што бил погоден со јајце од непосредна близина. Инцидентот не влијаеше за каква било промена во анкетите, лабуристите победија на изборите со големо мнозинство, иако редуцирано од тоа пред четири години. Џон Прескот остана заменик-премиер до 2007.

Пресвртница во лажниот бонтон

Овонеделната сесија за пратенички прашања во македонското Собрание на некој начин е своевидна пресвртница во лажниот бонтон меѓу главните политички ривали. Опозициските вмровски пратеници последниве години „блујат оган“ од говорницата, обвинувајќи ја власта за криминал, корупција, неспособност, измами, предавства…, често со многу навредливи зборови, а во последниот случај и за дезертерство на премиерот во 2001 година. Драган Ковачки од собраниската говорница го кажа истото она што го зборуваше во претходните десетина дена од пултот во вмровскиот штаб – дека Димитар Ковачевски лажирал оти е трајно неспособен за да не оди во војска, а со тоа и да не ја брани Македонија во 2001, дека тој е закана за НАТО и дека „таквите лица треба да се на друго место, а не во Владата“.

Жестината на одговорот на Ковачевски беше неочекувана за јавноста, а по сѐ изгледа дека ги вчудоневиди и вмровските пратеници. Тој го донесе македонскиот „Прескот момент“ во Собранието, но без физичка сила и ги нарече вмровските пратеници „арамии, криминалци, неработници, насилници, кодоши“, а за самиот Ковачки упати разорувачки епитети: „Движечка мизерија и дезертерски кодош“, велејќи дека работел за странски и домашни разузнувачки структури. „Тој е мизерија. Беда. Срамота… Мислам дека за него итно е потребна конзилијарна медицинска проверка“.

Ако ги исклучиме двата настани кои се дел од колективната меморија на граѓанството – црниот понеделник и крвавиот четврток – во Собранието имало и по некоја тупаница, кошкања, истурање вода, виткање микрофони, но вакви „street fighting“ изјави може да се избројат на прсти. А речиси и да немало од некој што е премиер. Оваа тирада на Ковачевски покажа дека неговите политички ривали ќе мора да се навикнуваат на противник кој вербално ќе оди на самиот раб. И ќе зборува без политички пардон.

Речиси во исто време, се тркалаше една друга „огнена кочија“ – во Градот Скопје. На седницата на Советот на Градот не беше главната вест што градоначалничката Данела Арсовска повторно бараше да го види „шпицниот градоначалник“ Христијан Мицкоски и да не се крие од дебати; ниту тоа што го нарече претседавачот Трајко Славески „Талат Славески“, туку во репликата токму на Славески:

„Од оваа говорница не се кажувале навреди. Па што? Навреди смеете да кажувате само вие (мислејќи на ВМРО-ДПМНЕ – н.з.)? И не само од оваа говорница. Секаде каде што ќе стигнете јавно кажувате навреди“.

Овие зборови на Арсовска можеби се само продолжение на рововската битка што трае меѓу неа и ВМРО-ДПМНЕ, но нивното значење, како и жестокоста на обраќањето на Ковачевски отвораат ново поглавје во македонската политика. Политичка угладеност веќе нема, работата преминува на улична борба. Многу години наназад во политичката битка оваа или онаа опозиција беше многу поостра од власта. Работите изгледа веќе нема да бидат такви. Веројатно и затоа што влогот изгледа поголем, а и политичарите се сменија.

Една друга огнена кочија во која заседнала „огнена група“ тргнала кон Мала Речица, не да го смени Артан Груби од функцијата прв вицепремиер и најдоверлив аѓутант на Али Ахмети, туку и да постави нови правила на играта при одредувањето на кадровската политика во партијата. Писмото на таа група во која се бара смена на Груби и на другите министри треба да биде само почеток. Вчерашната изјава на Муса Џафери, поранешен вицепремиер и едно време многу близок на Ахмети (плус и двајцата се од Зајас) за „Слободен печат“ отвора нови нивоа на она што би можело да се случува во ДУИ, а и за позицијата на самиот лидер.

Политичка војна

„Ако Артан Груби барем малку го слуша незадоволството во партијата од него, самиот треба да се повлече од функциите прв вицепремиер и министер за политички систем. Освен него, оставки од функциите треба да поднесат и други министри или Ахмети да ги смени. Во спротивно ќе има политичка војна во ДУИ. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да нѐ надмудри, тогаш е во грешка бидеќи така нема да се решат проблемите“, рече Џафери во амблематична изјава.

Оваа огнена кочија со нејзините патници сака да стигне подалеку од само смената на Груби. Нејзините патници ја поставуваат во прашање апсолутно неприкосновената улога на самиот Ахмети (кој самиот себеси пред некој ден се нарече „мисионер“), да го одредува правецот по кој се движи партијата, нејзината идеолошка поставеност, проценката за изборот на кадрите на најважните државни позиции. Ако групата бара не само смена на Груби туку и на други министри, тоа сугерира дека Ахмети направил лош избор за новата влада која положи заклетва во јануари.

Интригантен е составот на оваа група бунтовници кои се закануваат со „политичка војна во ДУИ“. Во неа има и поранешни и сегашни функционери на ДУИ. Муса Џафери беше еден од најколоритните ликови во прислушуваните разговори. Невзат Бејта два пати загуби на изборите за градоначалник на Гостивар од Арбен Таравари и еднаш од Руфи Османи. А беше и два пати градоначалник на Гостивар и министер за локална самоуправа. ДУИ сиве овие години освен него речиси и да не смее да има друг кандидат за челното место во Гостивар, без оглед дали победувал или губел. Изет Меџити беше два пати градоначалник на Чаир. Првиот човек на Сарај, Блерим Беџети беше и министер за правда. Сите тие беа дел од владините структури за време на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Дали би сакале да се врати тоа време и истиот партнер? Тешко е да се одговори. Можеби повеќе се фрустрирани од тоа дека не се во кругот којшто носи одлуки, а некои други се во него. И тоа, наводно, без заслуги.

Јавниот вокабулар се промени и онаму каде што изгледаше дека е невозможно и каде „мисионерот“ е тој што ја носи конечната одлука без поговор, а сите се построени зад него. Кога некој јавно ќе му каже на Ахмети дека ако не си заминат Груби и останатите министри ќе има политичка војна во ДУИ, тоа би можело да значи дека границите на недопирливоста се поминати. И дека при одлучувањето за тоа кој ќе биде министер не може да не се праша и оваа група. Кокетирањето со Данела Арсовска околу директорските места во скопските јавни претпријатија е само дел од плановите на групата во оваа огнена кочија на интегративците. Битката за наследството или наследникот на Али Ахмети веќе е почната. Дали таа може да има последици за стабилноста на владиниот кабинет е веќе друго прашањe.

Љупчо Поповски
извор: ДВ

   

Најново

Анатомија на протестите во Лос Анџелес: Што навистина ја поттикна ерупцијата на незадоволството?

Sase Ivanovski

Секој втор странски работник сака да остане во Хрватска до крајот на својот живот

Sase Ivanovski

Ако ви доцни летот, ви следува надомест од 500 евра – нема повеќе „вонредни околности“ за авиокомпаниите

Sase Ivanovski

СДСМ: Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Мицкоски до функционерите: Обврската која ја добивме од граѓаните е пред сè одговорност, сите мора одговорно да се однесувате кон секој народен денар

Sase Ivanovski

Мицкоски: СДС ги продаваше македонските интереси, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план

Sase Ivanovski

Мицкоски: Помина времето на криминалците и клановите, Македонија победува и припаѓа повторно на народот

Sase Ivanovski

Мнозинството Бугари работат во ниско платени сектори, не земаат ни просечна плата

Sase Ivanovski

Во Косјериќ советничката листа на Вучиќ победи со 51 глас повеќе од опозицијата

Sase Ivanovski

Мицкоски: За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а СДС постојано прави груба злоупотреба на трагични случаи

Sase Ivanovski

Шолја кафе опасна по живот кога производителот не означува што ставил во пакувањето

Sase Ivanovski

Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените

Sase Ivanovski

САД го напаѓаат иранското „банкарство во сенка“ со нови санкции

Sase Ivanovski

Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг

Sase Ivanovski

ЕУ подготвува нов удар за Русија, сакаат да им ги попречат финансиските трансакции

Sase Ivanovski

БОМБА НА ФОКУС: Уапсен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, тој е тајниот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кој Обвинителство ја прошири истрагата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп се сопна при качување во авионот, едвај се задржа за да не падне

Sase Ivanovski

Владата да не го нарушува концептот „Вардарска долина“, реагираат од Здружението „Инженери на Република Македонија“

Sase Ivanovski

Утрово приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов

Sase Ivanovski

Инцидент во центарот на Подгорица – млад човек пукал во кафуле, повредени шест лица

Sase Ivanovski

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Со армиски хеликоптер евакуиран планинар кој паднал во провалија на Шар Планина

Sase Ivanovski

Муцунски во посета на Казахстан

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Трамп на состанок со воени претставници во Кемп Дејвид

Sase Ivanovski

Нов осомничен за пожарот во „Пулс“ е вистинскиот газда на обезбедувањето!

Sase Ivanovski

Руски ракетен напад во Западна Украина, Полска превентивно ги крена авионите

Sase Ivanovski

Рјабков: Намалувањето на трупите на НАТО во Источна Европа е корисно за безбедноста на целиот континент

Sase Ivanovski

Времето денес сончево со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

ЌЕ ИМА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Еве ја прогнозата за времето неделава

Sase Ivanovski

НИЕ СМЕ ПРВИ ВО ЕВРОПА И ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕУ: Мицкоски се пофали

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

АЛКАРАЗ ГО ОДБРАНИ „РОЛАН ГАРОС“ Се играше најдолгото финале на турнирот во историјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАСК И ТРАМП ВО НОСТАЛГИЧНА БАЛАДА НА „ПИНК ФЛОЈД“ Ново ремек дело на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

Стототици туристи во Кушадаси биле цел на измама со картички

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Меѓудржавна спасувачка акција кај Ливадичко Езеро: Повредено лице спасено од бездна!

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Падна авион со 20 патници во Тенеси: 6 повредени, нема жртви

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Минхен: Португалија преку пенали до трофејот во Лигата на Нации

Sase Ivanovski

Дистрибуирани 17.000 пакети храна во Газа и покрај заканите од Хамас

Sase Ivanovski

Полицијата во Белград заплени 11 килограми кокаин

Sase Ivanovski

МНОГУ Е ГОЛЕМА СМРТНОСТА ОД НЕГО, СТЕ ЧУЛЕ ЛИ ЗА СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ?! СЕ ДОБИВА ОД МНОГУ СТРЕС, НЕКОГАШ И ОД МНОГУ РАДОСТ ИЛИ НАГЛА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Sase Ivanovski

Во ЗОО Скопје, беше отворена Хуманитарна изложба на студентските трудови изработени на работилницата , насловена „Биди суперхерој за животните“, при што беа откупени околу 25 акварели и цртежи

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Американскиот универзитет на Европа – ФОН, претставуван од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски, деканките проф. д-р Татјана А. Балоска и проф. д-р Билјана Стојчевска, како и директорката Сезен Цаноска, и Управата за извршување на санкции, претставувана од директорот Александар Пандов

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На 4 јуни 2025 година, свечено беше отворена ИЗЛОЖБАТА НА СТУДЕНТСКИ ДЕЛА на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа -ФОН

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На утринската програма „Македонија на утро“ на МРТ, професорот Игор Шокаровски од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН, сподели теориски и стручни согледувања за влијанието на аудиовизуелната форма во пренесувањето информации, особено во контекст на претстојната кампања за локалните избори

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев Скопје, вработува .NET DEVELOPER 💻💾

Sase Ivanovski

ДРАЧ, ВАЛОНА, САРАНДА ИЛИ ТИРАНА Секој петти стан во Албанија бил купен од странец

Sase Ivanovski

Баба Монди првпат проговори каква ќе биде бекташката држава во Албанија

Sase Ivanovski

Гори депонијата во Неготино, по повеќе од три часовна борба пожарот е локализиран!

Sase Ivanovski

Битола „гори“, се слави новата титула: Фитиљ пак запеа, Алонсо се заблагодари на македонски! (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Капитенот на македонската ракометна репрезентација ги навреди Скопјани па се извини: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Sase Ivanovski

Мицкоски до младите: Останете тука, градете тука, Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност

Sase Ivanovski

Попов: Ние сме младите кои ја менуваат Македонија, за една година покажавме што значи грижа за младите и реализација на проекти

Sase Ivanovski

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Крит: Нов потрес на грчкиот остров

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Sase Ivanovski

Москва чека потврда од Киев за префрлање на телата на загинатите украински војници

Sase Ivanovski

Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија

Sase Ivanovski

Мицкоски најави борба за „декласирање и превоспитување“ на ДУИ

Sase Ivanovski

Израелската војска во подземен тунел во Газа го пронајде телото на убиениот лидер на Хамас

Sase Ivanovski

ФОТО | Белгија е веќе минато: Фудбалерите го одработија и последниот тренинг пред Казахстан

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на кратка средба со Макрон во Ница

Sase Ivanovski

Остра изјава на Медведев за Украина: Дезинфекцијата против паразити продолжува

Sase Ivanovski

ПОЧИНА МАТИЈА ДЕДИЌ Џез пијанистот е син на Габи Новак и на Арсен Дедиќ

Sase Ivanovski

Експерти ќе утврдуваат дали Железничката станица во Нови Сад ќе се урива или обновува

Sase Ivanovski

Апсења во Белград откако полицијата заплени кокаин вреден 1,2 милиони евра

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАЖ ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА, ГО ИЗВЛЕКУВАЛЕ СО ХЕЛИКОПТЕР Спасувачка акција кај Ливадичко Езеро

Sase Ivanovski

ОСТАНЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, БОРЕТЕ СЕ СО ВАШИОТ УМ, ИСПРАВЕТЕ СЕ! Мицкоски се обрати пред младите од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Заталкан куршум пробил кров од автомобил во Чаир

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати во судар на камион и минибус во Танзанија

Sase Ivanovski

САД: Најпознатиот и најбогат тиктокер Каби Ламе уапсен поради истечена виза

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Помина времето кога криминалците и клановите беа главни, да создадеме систем на ред и одговорност

Sase Ivanovski

Миљана Ристиќ постави нов национален рекорд на 3.000 метри стиплчез

Sase Ivanovski

Македонија сè повеќе се оддалечува од Европската унија, вели Јотова

Sase Ivanovski

Кичевчани ја притиснаа општината. Почна расчистување на депонијата во центарот на градот

Sase Ivanovski
Вчитувам....