Денеска во центарот на Штип, на пешачката патека, се сретнаа пријателите и другарите, Владо Ристов, екс фудбалер на Брегалница, Ристе Петковски , екс директор на Гимназијата во Штип, а со нив, но одделно, разговараа меѓу себе Атанас Костов, исто така екс фудбалер на Брегалница и Рамизе Ристова, сопруга на Владо Ристов, екс менаџерка на конфекцијата „ Зогори“.
Додека Рамизе и Атанас Костов разговараа за бизнисот, до нив, на друга тема, дебатираа Владо и Ристе. Се потсетија двајцата како се случи бракот меѓу Рамизе и Владо за што може да се напише цел роман. Приказната е многу поучна- за љубовта која руши секакви граници..
Да, таков беше случајот со Владо и Рамизе, кои се запознале во Загреб, на студиите. Тоа запознавање „родила“ голема љубов, која по многу перипетии, сепак имала среќен крај. Завршила со брак. Владо и Рамизе ги срушија сите бариери.
Родителите на Размизе не сакале ни да чујат нивната ќерка да се омажи за човек од друга националност. Сепак, упорноста на Владо и Рамизе донела резултат. Една вечер, другарите на Владо, меѓу нив и Ристе, заминале во Призрен да ја „грабнат“ Рамизе, како во филмовите. И тоа се случило. Рамизе ги очекувала. гостите од Штип. Ја „грабнале“ Рамизе и ја сокриле во Дојран.
Родителите на Рамизе неколкку пати доаѓале во Штип да ја најдат својата ќерка и да ја вратат дома.. Не можеле да претпостават дека таа е сокриена во Дојран. И покрај противењето, на крајот морале да се помират со судбината на својата ќерка.. Се случила свадба голема, „орото“ го водел кумот Ристе. Токму на тие моменти од пред 30 и повеќе години се потсетија Ристе и Владо.
Рамизе и Владо имаат совршен брак, имаат и две машки деца, Зоран и Горан, по чии имиња, од првите букви, беше „крстена“ и конфекцијата на Владо и Рамизе „ЗОГОРИ“ Децата ги „наградија“ своите родители со внучиња.
Двете семејства на Рамизе и Владо живеет како вистикнски -братски. Кога Брегалница гостуваше во Призрен, публиката навиваше за штипјани, односно за зетот. Сега Владо и Рамизе ги минуваат убаво и пензионерските денови, почитувани и ценети од штипјани!