Претрес во Битола, пронајден хероин, приведен дилер
На 26.09.2022 во Битола, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.М.(26) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 14 пакувања хероин, повеќе различни видови таблетки, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во прилепско, одземеното вратено на сопственикот
На 26.09.2022 во 20.55 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп, на излезот од с.Ропотово, полициски службеници од СВР Битола-Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Н.Н.(38) од Прилеп.
Тој бил затекнат како управува трактор, кој во 09.40 часот во с.Мусинци, општина Могила, го одзел од Љ.М.(51) од с.Мусинци. Тракторот му бил одземен и вратен на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен 17-годишен крадец, против него ќе следува соодветна пријава
Денеска (27.09.2022) во полициска станица во СВР Скопје, во присуство на родител и адвокат, бил извршен службен разговор со 17-годишник од Скопје. Тој се сомничи дека на 22.09.2022 извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, при што од малолетник одзел мобилен телефон.
За случајот е известен дежурен Јавен обвинител и по негово документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик.