Претрес во Битола, пронајдени кокаин и марихуана, приведен дилер
На 04.10.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Ч.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и други предмети со остатоци од непозната материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец баран со централна потерница
Денеска (05.10.2022) во 10.20 часот на ул.„Тодор Чангов“ во населба Лисиче, Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје.
Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.