Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено лице
На 20.10.2022 во 11.40 часот во Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани го лишиле од слобода П.Д.(51) од Кочани.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 1,5 килограм марихуана, семки од растението канабис, како и стебла и гранки од растението канабис.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен дилер од Студеничани, пронајдена торба со марихуана
На 20.10.2022 во 11.35 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(30) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена торба со марихуана.
Имено, претходно тој со мотоцикл не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, продолжил со движење и по кратко време го оставил мотоциклот и ја фрлил торбата во реката Вардар, по што продолжил да бега.
Набргу бил фатен и приведен, а торбата била пронајдена. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер
На 20.10.2022 во 14.45 часот на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(19) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец од Прилеп, кај него пронајдени украдени предмети
На 20.10.2022 на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Љ.М.(69) од Прилеп. Тој се сомничи дека е сторител на кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, a при преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. Исто така, со судска наредба, во текот на денот бил извршен и претрес во неговиот дом во Прилеп и бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.