Претрес во Охрид, приведен дилер, пронајдени хероин и кокаин
Денеска (07.10.2022) во 17.00 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.И.(30) од Охрид. При преглед извршен на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 15 пакувања со кафеава прашкаста материја.
При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, дополнително се пронајдени и одземени 20 пакувања со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец баран по потерница
Денеска (07.10.2022) во 16:35 часот во с.Глумово, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од ЕВР – Ѓорче Петров отсек Потраги го лишиле од слобода А.С.(28) од село Арнакија, скопско. Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде во предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.